Жена со бизарна зависност од тетовирање не може да најде работа: „Правам по 3 тетоважи неделно, секогаш си носам машинка за тетовирање“
- Детали
- петок, 04 ноември 2022
Мелиса Слоан има 45 години и толку многу тетоважи, што не може ни да ги изброи. Таа вели дека неделно прави по три тетоважи и иако поради ова не може да најде работа, не планира да запре.
Мелиса Слоан од Велс за себе вели дека е зависна од тетоважи. Но 45-годишната мајка на две деца вели и дека не може да најде работа бидејќи целото лице и поголемиот дел од телото ѝ е покриен со тетоважи.
„Не можам да најдам работа. Аплицирав за чистење тоалети, но не сакаат да ме најмат поради моите тетоважи. Претходно, пред многу години, работев како хигиеничарка.
Луѓето ми кажуваат дека никогаш нема да најдам работа. Па, ако некој ми понуди нешто, веднаш ќе прифатам“.
Покрај тоа, Мелиса честопати се соочувала со негативни коментари, но вели дека ова немало да ја натера да престане да се тетовира.
Таа открива дека има направено неколку тетоважи во студио, но повеќето се направени дома од нејзиниот партнер. А, и таа самата си има направено неколку.
Кога станува збор за изборот на тетоважите, Мелиса вели дека не размислува премногу.
„Што и да ми се допадне, го ставам на лицето. Ја следам мојата инспирација. Ако има место за тетоважата што сум ја замислила, си ја правам.
Покрај тоа, тетоважите ми се бесплатни – јас ги правам сама или ме тетовира момчето. Имаме наша машинка за тетовирање“.
Од фотографиите се гледа дека Мелиса има и тетоважи направени едни врз други.
„Имам премногу тетоважи, не можам ни да ги избројам. Никогаш нема да престанам да се тетовирам. Некогаш правам нови тетоважи врз старите бидејќи ми снемува место“.
„Чувствувам адреналин кога се тетовирам, прекрасно е. Потоа чувството поминува, па по некој ден правам нова тетоважи.
Луѓето ме нарекуваат луда. Но, ако не им се допаѓам, не мора да ме гледаат. Некои знаат да зјапаат во мене, но со текот на времето се навикнав“.
Во интервју за Daily Star Мелиса истакна дека навистина е зависна од тетовирање:
„Правам три тетоважи неделно. Тоа е како алкохол – станувате зависни. Сега не можам да запрам“.
Мелиса вели и дека со неа постојано носи машинка за тетовирање, а истото го прави и нејзиниот партнер.
Додека тетоважите се одличен начин да ја покажете вашата креативност и да се изразите себеси, зависноста на Мелиса најверојатно е сериозен проблем.
Иако зависноста од тетовирање не е дефинирана како зависност од некоја супстанца, според некои експерти ова однесување може да се гледа како (лош) обид за справување со стрес, негативни емоции, па дури и проблеми со менталното здравје.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





