Поранешната Мис Универзум за ендометриозата: „Со години лекарите ми велеа дека болките се нормални, а сега морам на операција“
- Детали
- петок, 02 декември 2022
„По голем број погрешни дијагнози, конечно ја дознав вистината, дека имам ендометриоза и дека морам на операција, се чувствувам под притисок да добијам дете веднаш“ – вели Оливија Кулпо во нејзината исповед за борбата со оваа болест.
Поранешната Мис Универзум, Оливија Кулпо (30) говори отворено за болките што ги трпела заради ендометриозата, а вели дека поминале неколку години додека да добие точна дијагноза.
Во промотивното видео за нејзината серија насловена The Culpo Sisters, Оливија говори за тоа како заради болката не била во можност да функционира и морала по цел ден да лежи во кревет, но никој не ѝ давал точна дијагноза.
„Одев од лекар до лекар и секој од нив ми велеше дека имам нормални менструации, дека болката е нормална, чувството на нелагодност е нормално и дека само треба да земам лекови“ – вели таа и додава дека лекарите ѝ препишувале различни лекови, но дека болката не се намалувала.
Оливија искрено споделува како во една прилика се чувствувала како да ги измислува сопствените симптоми и дека претерува, што било мошне болно затоа што се чувствувала како никој да не ѝ верува за проблемот со кој се соочува.
Според неа, никој не ѝ верувал на тврдењата затоа што таа се спротивставувала на дијагнозата што ѝ ја дале неколку врвни лекари.
„По голем број погрешни дијагнози, конечно ја дознав вистината, дека имам ендометриоза и дека мора да ми се направи операција за да ми ги спасат репродуктивните органи. Ако не беа луѓето што редовно ги споделуваа своите приказни на блогови, никогаш немаше да соберам храброст да се изборам за себе“ – вели Оливија.
Таа претходно рече дека се чувствува под постојан притисок дека веднаш да има деца и дека се плаши дека заради ендометриозата никогаш нема да стане мајка.
„Ендометриозата влијае врз плодноста на различни начини. Не знам што ќе се случи во иднина со таа состојба и постојано се грижам дека нема да имам доволно време, чувствувам дека треба веднаш да имам деца“ – вели таа.
Оливија во моментов е во врска со рагби играчот Кристијан Мек Кефри, а вели дека тој во моментов е сконцентриран само на кариерата и не размислува да има деца.
„Тој има 25 години и не е подготвен да има деца. Кога ќе се додаде и мојата загриженост за плодноста, ова е мошне стресен период во животот“ – вели таа.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





