„Не паѓам веќе на приватни авиони и луксуз“ – Жртвата на „Измамникот од Тиндер“ ќе ја бара вистинската љубов во реално шоу (фото)
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
„Ме измамија со приватен авион и богатство и сметам дека никогаш веќе нема да дозволам тоа да ми се случи. Сè уште сум под влијание на измамата“ – вели Сесилија Фјелхој, жртвата која прва ја сподели нејзината приказна за искуството со Шимон Хајут, „Измамникот од Тиндер“.
Откако стекна светска слава со нејзината вистинска приказна во филмот „Измамникот од Тиндер“, Сесилија Фјелхој сега ќе биде дел од реално шоу во кое ќе треба да ја најде својата сродна душа.
https://www.youtube.com/watch?v=_R3LWM_Vt70
Прочитајте и Девојка (25) е нова жртва на Измамникот од Тиндер: „Го гледав документарецот за него, но го сакав, не очекував дека ќе ме ограби“
Во рамки на реалното шоу, славните личности ги користат услугите на ексклузивна агенција за состанување која треба да им помогне да најдат вистинска љубов. Стројниците им наоѓаат партнери што не се славни, а публиката има можност да проследи како се одвиваат сите нивни состаноци.
Таа сè уште ги отплаќа долговите во кои западнала по врската со Шимон Хајут, кој ѝ се претставил како Сајмон Левиев, богат трговец со дијаманти, а сега 5 години подоцна таа ќе го бара „вистинскиот“ но во рамки на реалното шоу Celebs Go Dating.
„Не се чувствувам како славна личност, не сакам луѓето да мислат дека се сметам себеси за славна личност, но ми се допаѓа тоа што моето лице е препознатливо во светот и тоа што ќе можам да покажам поинаква страна од себе“ – вели таа.
Според Сесилија, ова шоу, ќе ѝ отвори нови можности да ја запознае љубовта на нејзиниот живот, затоа што е „позната по тоа што избира лоши луѓе“.
„Никогаш не го обвинував Тиндер за тоа што ми се случи, затоа што јас го запознав Шимон во вистинскиот живот. Но, сметам дека згрешив затоа што веднаш се вратив на апликациите за состанување“ – вели таа.
По објавувањето на хит документарниот филм на Netflix, Сесилија се соочи со подвоени реакции кај јавноста, додека едни ја сожалуваат, други ја обвинуваа дека е „спонзоруша“ која го добила тоа што го заслужува.
„Мојата главна цел не беше да стекнам слава, туку да го ставам во затвор и да ги заштитам луѓето од таквите како него“ – вели таа.
Таа признава дека имала можност да го види Шимон во клуб во Тел Авив и дека се чувствува обесхрабрено кога гледа дека тој е слободен човек:
„Само го погледнав и тој ме погледна – му мавнав со рака и толку беше. Не се плашам повеќе од него“ – вели Сесилија.
Таа е свесна дека во рамки на реалното шоу ќе има голем број критики за тоа што таа повторно се обидува да стекне слава, но Норвежанката тврди:
„Сега сум повнимателна од порано и сè уште не им верувам на луѓето, но давам сè од себе кога ќе запознаам нови луѓе да се сетам дека тие не се виновни за ништо што ми направи тој.
Сметам дека заради начинот на кој бев измамена – со приватен авиони и раскош, нема да се најдам повторно во таква ситуација.
Луѓето не сфаќаат дека јас сè уште го чувствувам влијанието од тоа што ми се случи, но верувам дека можеш да закрепнеш и да влезеш во нова подобра врска“ – вели таа.
Прочитајте и „Ми се претстави како милијардер и ме однесе на одмор во Бугарија, доцна сфатив дека е измамник“ - Жена споделува хорор искуство
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





