Британка собира пари за да ги намали градите: „Ме вреѓаат кога ми велат да направам профил на Only Fans“
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Уште од тинејџерските години, Јасмин од Англија чувствува болки во грбот поради големите гради, а се соочува и со многу недолични коментари. Но, здравственото осигурување не покрива операција за намалување на градите, па сега таа се надева дека ќе собере доволно пари од донации.
Многу девојки и жени посакуваат поголеми гради, но за Јасмин Меклечи од Англија, големите гради предизвикуваат само проблеми.
33-годишната Јасмин чувствува болки во грбот поради тежината на градите чија големина ја споредува со фудбалска топка.
Таа мора да носи градник, но од тежината, рамките од градникот ѝ прават рани на рамената.
Јасмин вели и дека големите гради имаат негативно влијание на нејзината самодоверба, особено во спалната соба.
Младата мајка многупати разговарала со нејзиниот матичен лекар со надеж дека здравственото осигурување барем делумно ќе покрие операција за намалување на градите бидејќи за неа ова претставува здравствен проблем.
Но, вели дека и покрај тоа што испратила безброј фотографии од нејзините гради и што пополнила бројни формулари, никогаш не била контактирана.
„Големите гради имаат влијание врз мојата самодоверба, но и врз мојот однос со вереникот. Кога одам од спалната до тоалетот за да се бањам, си ги кријам градите за да не ми ги виде. Иако ми вели да не се грижам, јас сепак сум засрамена.
Поради ова немам самодоверба ни во спалната соба, без разлика што вереникот ми вели дека за него сум привлечна. Јас самата не можам да ги гледам моите гради како привлечни, не па да го очекувам тоа од некој друг“.
Поради големината на градите, Јасмин се соочувала и со недолични коментари, а некои дури и предлагале да си направи профил на Only Fans.
Јасмин истакнува дека сите лекари со коишто зборувала ѝ кажале дека ќе има многу придобивки од операција за смалување на градите.
Но, штом осигурувањето не ги покрива трошоците, таа нема доволно средства за самата да плати за операцијата. Па, сега главниот фокус е да собере пари за тоа.
Градите ѝ предизвикувале проблеми на Јасмин уште во тинејџерските години.
„Кога имав 14 години, се пресоблекував за час по физичко и носев маичка. Само се сеќавам како пријателките се свртeа кон ме и ми рекоа: ’Леле колкави ти се градите‘.
Сите девојки влегуваа во соблекувалната за да ми ги видат градите и се шегуваа со мене. Беше ужасно“.
Јасмин добивала и многу внимание од машките кои уште тогаш се осмелувале да ѝ дофрлаат недолични коментари.
До 18-годишна возраст, градите на Јасмин ја достигнале речиси сегашната големина.
„Почнав да чувствувам многу болки. Еден период едвај одев по скалила поради болката од градите, па дури отидов и на лекар“.
Јасмин вели дека е свесна дека има вишок килограми, но споделува дека нејзините гради биле преголеми и кога била многу послаба.
„Знам дека сум далеку од најслабата жена, но без разлика на мојата тежина, градите отсекогаш ми биле големи. Знам дека имам прекумерна тежина и ќе треба да ослабам пред операцијата.
Но, мојот проблем не е моето тело, туку моите гради“.
Со надеж дека ќе си го подобри животот, Јасмин почнала кампања на Go Fund Me, со надеж дека ќе може да собере 10.000 долари за операцијата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





