Зошто модерните мајки се толку полни со бес?

„Кога бесот ме удри во глава, не можев да поднесам повеќе, зедов една пластична играчка од моето дете и ја треснав од земја. Не се скрши, па ја земав и ја треснав одново. Морав да скршам нешто. Моето дете се исплаши...“

zoshto-modernite-majki-se-tolku-polni-so-bes-01.jpg

Психологот Ана Матур (37) вели дека се обидела на смирен начин да се справува со своето дете, но не успевала во тоа ниту кога било бебе што вреска, ниту кога израснало во дете што негодува и прави драма. Таа никогаш не успеала да го пронајде вистинскиот рецепт.

Го користела нејзиниот професионален тренинг, па земала длабоки здивови, си велела на себе дека може да се справи со стресната ситуација, но не успеала.

Нејзината исповед:

„Кога бесот ме удри во глава, не можев да поднесам повеќе, зедов една пластична играчка и ја треснав од земја. Не се скрши, па ја земав и ја треснав одново. Пред тоа дури и дишев длабоко за да се смирам, но не можев. Морав да скршам нешто. Ја скршив играчката, но не го добив посакуваното олеснување.

Ме преплави срам, срам кој не си одеше, срам дека моето дете сега врескаше од страв, барем така мене ми се чинеше, од тоа што намерно му ја скршив играчката.“

zoshto-modernite-majki-se-tolku-polni-so-bes-02.jpg

Секој родител ќе ја разбере фрустрацијата на Ана, која е мажена мајка на 3 деца. Токму овој миг на исклучување ја натерал Ана да почне да комуницира и со други мајки и да им помага за да успеат да се справат со ваквите ситуации.

„Тој момент ме отрезни и заплаши повеќе од кој било друг. Тогаш клекнав на колена, го прегрнав моето дете и му се извинив. Му објаснив дека не е негова вина.

Бесот може да биде збунувачки за децата, вознемирувачки и дестабилизирачки. Но, овие мигови на бес се и многу важни моменти за учење. Учење за тоа колку е важно извинувањето и како го комплетира кругот на комуникација и ви го враќа чувството на безбедност.“

Според нејзините анализи бројот на жените кои се соочуваат со т.н. мајчински бес е огромен.

„Голем број мајки ме контактираат за помош затоа по испадите на бес, чувствуваат каење, срам и вина и тоа го чуваат во себе затоа што се срамат од пријателите и семејството.

Човековиот бес е човеков одговор на околностите, а во мајчинството има многу стресни мигови и ова не треба да биде табу тема.

Барањето помош е клучно за да научите како да се справите со тоа. За многу жени зборувањето за ова едноставно како да е невозможно, тие не можат да си ја отворат душата.

Мора да се нагласи дека по станувањето мајка, жените се соочуваат со неверојатни промени физички и психички и драстичните промени на телото и животот комплетно водат го губење на контрола. Истоштеноста од родителството, постнаталната депресија исто така се фактори за ова.

Најважно е да знаете дека не сте сами и дека сосема е во ред да говорите за тоа искрено и да побарате помош.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Го злоупотреби“ - Слон бил офарбан розов, бизарниот потег на фотографка поттикна револт во Индија „Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Најпознатите сијамски близначки во светот шетаат со бебе, по гласините за бременост: Можат ли да доб... Аби и Британи Хенсел беа забележани со бебе, откако открија дека едната од нив с...
По самоубиството на тинејџер, уште една трагедија поврзана со ChatGPT: Маж со параноја си ја убил ма... Американец кој пред 20-тина години бил менаџер во Yahoo, бил убеден дека мајка м...

Најчитани неделава