Го продала бубрегот, 4 години работела како маж за да го храни семејството - тажната приказна на 32-годишна мајка (фото)

Четири години се облекувала како маж, па дури и го променила своето име за да работи како градежник, си продала еден бубрег за да ги отплати долговите и за да може да го прехрани семејството – тажната приказна на Бахија Али Сулејман го обиколи светот.

tazhnata-prikazna-na-32-godishna-majka-go-obikoli-svetot-go-prodala-bubregot-a-4-rabotela-prepravena-kako-mazh-foto-01.jpg

Додека голем број од земјите се гордеат со тоа што постои рамноправност помеѓу половите во поглед на вработувањето, тоа не може да се каже и за Египет.

Во оваа земја, на жените не им е забрането да работат, но една 32-годишна жена морала во целост да го промени сопствениот идентитет за да може да обезбеди егзистенција за сопственото семејство, работејќи „машка“ професија.

tazhnata-prikazna-na-32-godishna-majka-go-obikoli-svetot-go-prodala-bubregot-a-4-rabotela-prepravena-kako-mazh-foto-07.jpg

Бахеја во 2017-та година гостуваше во емисија на телевизиите во Египет и ја раскажа својата тажна приказна за тоа како откако нејзиниот сопруг се разболел, таа морала да почне да работи во градежништвото.

tazhnata-prikazna-na-32-godishna-majka-go-obikoli-svetot-go-prodala-bubregot-a-4-rabotela-prepravena-kako-mazh-foto-02.jpg

На почетокот на работа одела облечена во абаја (долга наметка) и со бурка, но постојано се соочувала со потсмев и критики, заради што одлучила да ја скрати косата, да почне да се облекува како маж и да работи на градилиште.

Четири години Бахеја работела на градилиште преправена во маж, а по завршувањето на работното време возела Тук Тук, трицикл со приколка.

tazhnata-prikazna-na-32-godishna-majka-go-obikoli-svetot-go-prodala-bubregot-a-4-rabotela-prepravena-kako-mazh-foto-04.jpg

Во тие 4 години, таа дури го променила и името, па колегите на градилиште ја викале Бакир, а речиси никој и не знаел дека таа е Бахеја.

Во еден миг, за да ги исплати долговите и за да не заврши во затвор, морала да го продаде бубрегот по цена од 1.400 долари.

„Кога го продадов бубрегот бев многу уморна и едвај стоев на нозе“ – раскажува таа.

tazhnata-prikazna-na-32-godishna-majka-go-obikoli-svetot-go-prodala-bubregot-a-4-rabotela-prepravena-kako-mazh-foto-03.jpg

Таа беше прогласена за „мајка на годината“, а во своето гостување призна дека ѝ недостасува да се облекува како жена и да изгледа женствено.

„Ме боли кога ќе видам жени што се убаво и женствено облечени“ – рече таа.

Приказната на Бахија го обиколи светот како приказна за храбороста на оваа мајка и жена која е подготвена да направи сѐ за своето семејство и за своите деца.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава