Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Дедо (72) од Италија 50 години живее без струја и водовод - си го оставил семејството, сам одгледува зеленчук

Фабрицио Кардинали речиси 50 години живее во колиба без струја, водовод и канализација бидејќи не му се допаѓало во која насока се движи цивилизираниот свет. Тој има двајца „цимери“ со кои одгледува овошје и зеленчук, a прави и брашно и маслиново масло. Фабрицио вели дека во петте децении, ниту еднаш не се покајал за овој начин на живот, дури ни во тешките периоди.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-01.jpg

Фабрицио Кардинали од Италија има 72 години и веќе неколку децении живее настрана од цивилизацијата, без струја, без плин и без водовод и канализација.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-18.jpg

Фабрицио живее во стара куќа, сместена во шума во близина на источниот брег на Јадранското Море во Италија.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-14.jpg

Додека повеќето сигурно не би го избрале овој начин на живот, Фабрицио вели дека не би го менувал за ништо. Порано тој работел како полицаец, а извесен период играл и одбојка.

„Не сакав да бидам дел од светот поради насоката во којашто сте движеше. Па, оставив сè – семејство, факултет, пријатели, спортски тим, и тргнав во потполно различна насока.

Откажувањето од нешто не е мазохизам. Се откажувате од нешто за да добиете нешто друго што е поважно“, открива Фабрицио за телевизијата WION.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-04.jpg

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-07.jpg

Додека порано Фабрицио живеел потполно сам во неговата колиба, сега има двајца „цимери“ – Агнес (35) и Андреа (46).

Тие имаат и петел, три кокошки, како и мачка.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-06.jpg

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-13.jpg

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-10.jpg

Фабрицио, Агнес и Андреа имаат шпорет на дрва што го користат за готвење и затоплување на куќата. За осветлување користат ламби што ги напојуваат со масло за готвење.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-03.jpg

Тие одгледуваат овошје и зеленчук, имаат пчели за производство на мед, а имаат и неколку маслинки за производство на маслиново масло.

Од локална продавница купуваат мешунки, но и жито од кое самите си прават брашно и леб.

Кога имаат можност, тие ги разменуваат намирниците што ги произвеле за храна и предмети што им требаат.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-17.jpg

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-15.jpg

Одвреме-навреме Фабрицио ги посетува пријателите кои живеат во близина, а некогаш пешачи до најблискиот град за да се дружи со локалците и да оди на лекар.

Андреа, пак, секој викенд го поминува со мајка му, а потоа се враќа во колибата.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli09.jpg

Фабрицио има и одличен совет за оние кои сакаат да ѝ се доближат на природата:

„Фрлете го таканаречениот паметен телефон. Живеам на овој начин речиси 50 години и не сум зажалил ниту еднаш.

Секако, имало и тешки периоди, но никогаш не ме натерале да помислам дека направив погрешна одлука што оставив сè зад мене“.

starec-72-od-italija-50-godini-zhivee-bez-struja-i-vodovod-ne-go-sakav-svetot-i-ostaviv-se-semejstvo-fakultet-prijateli-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Понуда од соништата: Италија плаќа 15.000 евра за да се преселите на идиличниот остров Сардинија Замислете си реновирате стара живописна куќа во некое италијанско селце на магич...
„Бев во врска со 10 години помлад дечко – Зошто никогаш повторно не би влегла во таква врска, иако с... „Одлучив да му дадам шанса. Се чувствував како повторно да имам 20 години. Негов...
Жена со бизарна зависност од тетовирање не може да најде работа: „Правам по 3 тетоважи неделно, секо... Мелиса Слоан има 45 години и толку многу тетоважи, што не може ни да ги изброи. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg