Емотивно видео: Детенце со ампутирани нозе ги прави првите чекори со нови протези
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
Кога Луи од САД се родил без коски на нозете, поради што морале да му ги ампутираат, неговите родители мислеле дека целиот живот нема да може да оди. Но, со помош на добротворна организација Луи добил протези, а во емотивно видео можете да видите како ги прави првите чекори.
Малиот Луи Браун од Охајо, САД бил роден без коски во нозете. Поради ова, неговите родители – Еми и Џастин – морале да донесат тешка одлука да му ги ампутираат.
Но сега, со помош на добротворна организација, Еми и Џастин успеале да најдат протези за нивното синче, а видеото во кое тоа ги прави неговите први чекори веднаш стана вирално.
Откако Луи се родил, лекарите им дале две опции на 29-годишната Еми и 27-годишниот Џастин.
Тие требало да изберат дали да ги ампутираат нозете на Луи или да ги спасат, но овој случај детенцето ќе требало да помине низ неколку тешки и ризични реконструктивни операции.
По консултирање со родители на дечиња чии екстремитети биле ампутирани, Еми и Џастин заклучиле дека најдобро да го поштедат Луи од болка. Па, на 11-месечна возраст, на Луи му биле ампутирани двете нозе од колената надолу.
Парот дури и се помирил со тоа дека нивното дете никогаш нема да оди, но сепак добиле помош од добротворна организација.
Тие нашле организација која нуди бесплатни протези за дечиња и стапиле во контакт со неа.
Па, неодамна Луи имал можност да ги направи првите чекори.
„Беше многу возбуден кога првпат ги виде протезите. Рече дека е многу кул што биле флексибилни“, открива мајката на Луи.
„Кога разговаравме со други родители, ни рекоа дека е подобро да му ги ампутираме нозете и да бараме протези, бидејќи секоја година стануваат понапредни и подобри.
Ако се согласевме за операции, немаше гаранција дека ќе биде подвижен“.
„Беше ужасно кога требаше да ја донесеме одлуката. До денес има мигови кога не ни се верува, но кога ќе го видиме како трча со протезите, знаеме дека вредеше“.
Еми открива дека до 20-тата недела од бременоста сè било одлично, но потоа забележале дека нешто не е во ред со нозете.
„На почетокот немаш никакви проблеми и тоа беа 20-те најубави недели од нашите животи. Но, потоа лекарите забележаа дека неговите нозе изгледаат многу мали во споредба со телото.
Ни рекоа дека може да биде и фатално. Бевме преплашени. Само се молевме да не биде фатално. Потоа ни кажаа дека бебето е безбедно – неговите органи се развивале добро“.
На Луи ќе му требаат нови протези на секои две-три години додека расте, но за Еми и Џастин ова не е никаков проблем.
„Сега може да трча. Многу е енергичен и постојано се движи. Исто така, многу е отпорен и издржлив“, додава Еми.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





