Фејсбук се претвора во држава

fejsbuk-se-pretvora-vo-drzava-povekjeОткако основачот на оваа друштвена мрежа, Марк Цукерберг, најави интернет конвертибилност на валутата на Фејсбук, стана јасно дека Фејсбук...


...полека, но сигурно, ќе стигне до состојба на независна држава.

Веќе има свои жители, власт, судство и полиција (модератори), а сега добива и валута која ќе биде разменлива и надвор од границите на оваа онлајн заедница.

Виртуелни пари

Мрежата на Цукерберг со услугата „Фејсбук кредити за веб сајтови“ (FWC) ќе оствари нов продор на интернет пазарот, а и покрај тоа што се уште е експериментално, Фејсбук веќе контролира преку 50% од пазарот на виртуелна роба чија вредност се проценува на 2,1 милијарда долари.

Жители

Фејсбук има околу 800 милиони корисници кои во просек имаат 130 пријатели, а 50% од нив се вклучуваат на мрежата барем еднаш во денот. Жителите на „интернет државата“ прегледуваат преку 900 милиони страници, групи, настани, а дневно се прикачуваат 250 милиони фотографии.

fejsbuk-se-pretvora-vo-drzava

Јазик

Околу 75% од жителите од територијата на САД зборуваат англиски, но Фејсбук е достапен дури на 70 светски јазици. Околу 300.000 корисници учествуваа во преведувањето на Фејсбук на различни јазици.

Мобилна телефонија

Освен преку компјутер, корисниците на Фејсбук се во контакт и преку мобилни телефони.

Извршна власт

Фејсбук има своја извршна власт чии главни правосудни органи се модераторите. Сите вознемирувачки содржини или лажни профили може да ги пријавите кај надлежните.

Изгледа дека на Фејсбук му останува уште да побара членство во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава