Нова серија паметни телефони HTC One

nova-serija-pametni-telefoni-htc-one-povekjeНеверојатна камера, автентичен звук, впечатлив дизајн. HTC One ги има сите. Уникатните телефони од HTC One серијата ќе бидат достапни од април...


...оваа година и во Македонија.

(Скопје, 27 февруари 2012)Вчера на Светскиот мобилен конгрес во Барселона  глобалниот дизајнер на паметни телефони HTC ја претстави својата нова серија паметни телефони HTC One која се карактеризира со нов  уникатен дизајн, нова неверојатна камера и автентично доживување на звукот.

nova-serija-pametni-telefoni-htc-one-1

Најдобрите моменти во животот ги доловуваме со фотографија или ги паметиме преку музика. Клучно за HTC беше да ги подобри овие емотивни искуства со неверојатна камера и автентично доживување на звукот.“‘, рече Питер Чу, директор на HTC Корпорација.

Фокусирани сме во создавање камера и аудио доживување које потрошувачите ќе го сакаат и ќе го користат често. Веруваме дека HTC One серијата го овозможува ова на начин досега невиден за еден телефон.

nova-serija-pametni-telefoni-htc-one-2

Новите HTC One модели се предизвик за сите љубители на добриот звук и одличната слика. HTC One X, HTC One S и HTC One V нудат незаборавно искуство и вистински возбудливо доживување.

HTC One серијата го интегрира Андроид 4.0 (ICS) со HTC Sense™ 4,  нова верзија на брендираното корисничко искуство на HTC кое го претставува HTC ImageSense™, со нов сет на камера и алатки за обработка на слики со кои се одвојува од другите телефони. HTC Sense™ 4 вклучува големо подобрување на квалитетот на звукот и го упростува начинот на кои луѓето слушаат музика на нивните телефони.

nova-serija-pametni-telefoni-htc-one-3

Неверојатната камера им конкурира на традиционалните дигитални камери со подобрувања во секој нејзин дел, вклучувајќи ги леќите, сензорот, софтверот и интегриран нов HTC ImageChip. Овие подобрувања овозможуваат најбрзо фотографирање, го подобруваат квалитетот на сликата во различни услови додека лесниот интерфејс овозможува брз пристап до фотографирање и снимање видеа преку копчињата поставени еднo до другo.

nova-serija-pametni-telefoni-htc-one-4

Серијата HTC One  ќе почне да се испорачува во април 2012 со широка глобална достапност во текот на годината преку над 130 провајдери и дистрибутери ширум светот.


За ХТЦ

ХТЦ корпорацијата основана во 1997г. е креатор на многу наградени мобилни уреди и иновации во индустријата. Ставајќи ги луѓето во центарот на сè што работи, ХТЦ ги поместува границите на дизајнот и технологијата за да создава иновативни и лични искуства за потрошувачите ширум светот. Портфолиото на ХТЦ вклучува паметни телефони и таблети со HTC Sense™, повеќеслоен графички интерфејс којшто го подобрува искуството на корисникот.

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg