ХП и LanDesk овозможуваат поголема вредност од компјутерите

hp-i-landesk-ovozmozuvaat-pogolema-vrednost-od-komputerite-povekjeХП денес објави дека на своите бизнис клиенти започнува да им ги нуди решенијата на LANDesk management. Овие решенија ќе им овозможат зголемена...


...продуктивност на крајните корисници и услови   поедноставно да ги обезбедат и поврзат уредите во нивната околина.

Оваа соработка помеѓу ХП и LANDesk Software, ќе им овозможи на сите бизнис клиенти на ХП, да го користат LANDesk Management пакетот и да го намалат времето за инсталација и конфигурација на компјутерот од часови во минути.

Со елиминирање на потребата од директна инсталација преку ИТ одделот, решенијата на LANDesk management им помагаат на компаниите да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат трошоците, а во исто време да ги решат и проблемите со: потрошувачка на енергија, управување со уредите и управувањето со BIOS-от и поединечните оперативни системи,  подршка за известувања и алармирање за хардверски дефекти.

“ХП како компанија, е посветена на идејата да им помогне на своите бизнис корисници да ги надминат ситуациите кои одземаат време, прават непотребни трошоци и ја намалуваат продуктивноста,” изјави Ден Фирленца потпретседател и генерален менаџер на единицата за Комерцијални клиенти и Глобален Бизнис во ХП.

“Оваа соработка на корисниците на ХП ќе им понуди уникатни можности во делот на управување со крајните клиенти и во делот на клиентска сигурност и сервис на ИТ инфраструктурата, ”изјави Мајк Нал, помлад потпретседател во единицата за Продажба и Маркетинг во LANDesk Software. “Со нетрпение очекуваме да започне интеграцијата на нашите заеднички решенија.”

LANDesk апликациите од ХП, им помагаат на корисниците да заштедат време и пари. Сега бизнис корисниците на ХП можат да се потпрат на напредните алатки за оддалечено управување со хардверот од LANDesk software, и на тој начин да ги намалат директните локациски активности на ИТ одделот, кои што пред се одземаат време, но и трошат пари.

Автоматското превземање и оддалечената инсталација на последните најнови надградби од ХП, им овозможуваат на корисниците едноставна инсталација и управување со драјверите и надградбите на фирмверот од ХП за нивните десктоп или преносни компјутери.

Корисниците ќе можат да ја искористат и таканаречената „една-за –повеќе„ конфигурациска опција за BIOS и фирмвер, со која можат за кратко време да направат промена на сите нагодувања на подржаните компјутери. Дополнително, проактивната алатка за контрола на „здравјето„ на компјутерите ја следи состојбата и дава известување за потенцијалните хардверски проблеми кои можат да се случат во иднина.

Како дополнување на постоечките решенија од LANDesk Management пакетот, системот кој вклучува имплементација на полисите и алатки од HP- Professional Innovations секцијата: HP Power Assistant- алатка за управување со енергијата и HP Connection Manager –алатка која претставува платформа за поврзување,  ќе биде достапен од Јуни. Поддршката на LANDesk за тенките клиенти од ХП ќе биде достапна од Октомври.

Повеќе информации за останатите услуги кои ќе бидат достапни во текот на годината може да се најадат на следниов линк.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg