6 причини зошто телефонот ви кочи (и како да го средите сами)

Меморијата ви е речиси полна и одамна не сте го ажурирале софтверот, односно не сте направиле update.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-01.jpg

Само затоа што секоја година излегуваат нови модели на смартфони, не значи дека треба да го менувате вашиот.

Смартфонот може да ви трае со години ако го чувате внимателно.

Ако, пак, почне да ви кочи, не мора да значи дека е расипан и дека ви треба нов. Многу почесто, ова се случува од други фактори кои можете да ги промените.

Шест можни причини зошто смартфонот ви кочи:

Меморијата ви е полна

Денес смартфоните имаат огромна меморија, некои и над 100GB, а дел имаат опција и за мемориска картичка.

Но, треба да знаете дека кога телефонот е преполнет, ова може да има влијание врз процесорот, па тој да работи побавно.

Обично телефонот ќе ви даде известување ако меморијата е речиси полна. Но, дури и да не сте добиле вакво известување, избришете ги фотографиите и видеата што не ви требаат, односно ослободете меморија.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-02.JPG

Лоша интернет конекција

Ако телефонот ви кочи само кога користите апликации за кои треба интернет, како Инстаграм или некоја онлајн игра, тогаш поверојатно е дека проблемот е во интернет конекцијата.

Проверете дали Wi-Fi сигналот ви е слаб, рестартирајте го рутерот и ако проблемот продолжи, а го забележувате и на другите уреди поврзани со истата интернет мрежа, тогаш обратете се кај вашиот интернет провајдер.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-03.JPG

Одамна немате направено ажурирање (update) на оперативниот систем

Штом ќе добиете нотификација дека треба да направите ажурирање, односно update на софтверот, не ја игнорирајте.

Со ажурирањето се средуваат грешки и пропусти од претходната верзија на софтверот кои можеби го кочеле телефонот.

Покрај тоа, користењето застарен оперативен систем може да биде и опасно бидејќи телефонот ја нема соодветната заштита.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-4.JPG

RAM или кеш меморијата ви се полни

Со секое користење на телефонот, во таканаречените кеш и RAM мемории на телефонот се зачувуваат информации. Со текот на времето, овие информации се акумулираат, па на крај можат да направат телефонот да функционира побавно.

Затоа важно е целосно да ги исклучувате апликациите што не ги користите. На Гугл, пак, пребарајте како да ги исчистите RAM и кеш (cache) мемориите на телефонот за да му го подобрите перформансот.

Со ова нема да изгубите податоци од телефонот како фотографии, апликации и слично.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-05.JPG

Имате премногу апликации

Апликациите зафаќаат голем дел од меморијата и ова има влијание врз перформансот.

Па, избришете ги сите што не ги користите.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-06.JPG

Батеријата ви е стара

Ако ништо друго не помага, можеби проблемот е батеријата.

Ако имате постар модел на смартфон, нормално е батеријата да биде малку истрошена и не само што ќе се празни побрзо, туку може да го забави и телефонот.

Во овој случај најдобро е да ја замените со нова, што секако е поевтина варијанта отколку да купите нов телефон.

6-prichini-zoshto-telefonot-vi-kochi-i-kako-da-go-sredite-sami-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...

Најчитани неделава