Како да го изладите прегреаниот телефон (кога надвор е топло)?
Извадете ја маската
Препорачливо е да имате маска на телефонот за да го заштитите. Но, ако забележите дека ви прегрева, отстранете ја маската додека да се излади.
Во зависност од материјалот, маката може да ја задржи топлината што ја емитува телефонот, па затоа да се загрева повеќе.
Држете го настрана од други електронски уреди
Ако во иста торба ставите вклучен лаптоп, таблет и телефон, сите уреди може да се загреат.
Ако ги пакувате уредите во иста торба, осигурете се дека се исклучени и дека не се многу загреани.
Вклучете ја опцијата Аirplane mode
Кога телефонот е многу жежок, можете и да ја вклучите опцијата Аirplane mode.
Со ова автоматски се гаси мрежата и пристапот до интернет, па ќе му даде можност на телефонот да се излади.
Исклучете го телефонот
Ако пробавте сè и ви се чини дека телефонот уште е многу загреан, тогаш најдобро е да го исклучите.
Оставете го неколку минути, па повторно вклучете го.
Прочитајте и: 8 грешки поради кои мобилниот телефон многу ви се загрева
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
