Гугл го превзема Твитер

google-go-prevzema-twitter-povekjeАмериканската интернет компанија Гугл е во преговори за купување на сајтот за размена на кратки пораки Твитер, пренел технолошкиот блог Tech Crunch...

 

google-go-prevzema-twitter

...кој проценил дека оваа трансакција би можела да изнесува повеќе од 250 милиони долари.

На блогот на кој е објавена оваа вест се наведува дека цената се движи подоле од 500 милиони долари, колку што друштвената мрежа Фејсбук му понудила на Твитер, но оваа понуда била одбиена од Твитер.

Според оценката на Tech Crunch, Твитер моментално располага со многу добри решенија за капацитетот на пребарувањата во реално време, што значи дека резултатите од пребарувањата веднаш се појавуваат откако ќе бидат објавени на мрежата.

Инаку Твитер и Гугл се во почетна фаза на преговорите и планираат заеднички да работат на пребарувач во реално време.

Твитер што во превод значи крик, им овозможува на своите корисници да разменуваат бесплатни пораки до  140 карактери.

Иако овој сервис е основан во Август 2006, сè уште не успеал да оствари приходи бидејќи нема развиено бизнис модел.

Еден од основачите изјавил дека оваа година Твитер планира да најде начин како да остварува приходи и да може да воведе услуги кој би се наплаќале за професионални потреби. Во моментот Твитер има околу 6 милиони корисници.

Доколку веќе имате профил и сакате да го следите Црнобело на Твитер, кликнете тука.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...

Најчитани неделава