EISA го прогласи HTC One s за Европски Social Media телефон за 2012 - 2013

eisa-go-proglasi-htc-one-s-za-evropski-social-media-telefon-za-2012-2012

ЛОНДОН – 15 август 2012: HTC Corporation,  глобалниот дизјанер на смартфони, денеска објави дека нивниот широко прифатен HTC One S е прогласен за „Европски social media телефон за 2012 – 2013“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук (The European Imaging Sound Association - EISA). Ова е второ вакво признание за HTC откако минатата година ја освои наградата во истата категорија за HTC ChaCha.

Како единствена асоцијација на 50 специјализирани магазини од 19 европски земји, EISA е светски најпрестижната група на списанија во мултимедијалната област. Секоја година главните уредници од сите членови на EISA се состануваат за да одлучат кои од производите анализирани во нивните изданија во текот на годината ја заслужуваат посакуваната награда на EISA.

„Европски social media телефон за 2012–2013“ е признание за одличната интеграција со социјалните мрежи кај HTC One S, поврзаноста со контакт листата, способноста на уредот да поврзува повеќе социјални мрежи на едно место, a притоа споделувањето содржини и социјалната интеракција да бидат подеднакво лесни.

Повеќе информации за HTC One S се достапни на http://www.htc.com/www/smartphones/htc-one-s/. Повеќе информации за EISA и за процесот на наградување можат да се најдат на http://www.eisa.eu/.

За HTC

HTC Corporation (HTC) е една од најбрзо растечките компании во индустријата на мобилни телефони. HTC ги става луѓето во центарот на сè што прави, така создавајќи иновативни смартфони кои подобро ги опслужуваат потребите и животот на поединците. Компанијата котира на Тајванската берза под ознаката 2498. Повеќе информации за HTC се достапни на www.htc.com.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава