HP ги открива новите печатарски иновации кои го дигитализираат канцелариското работење

HP денес ги најави новите печатачи HP OfficeЈet Pro и HP LaserJet и решенијата за управување со содржини кои се создадени за да го редефенираат печатењето на деловните и владините институции, овозможувајќи им на корисниците намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и дигитализација на канцелариското работење.

hp-gi-otkriva-novite-pecatarski-inovacii-koi-go-digitaliziraat-kancelariskoto-rabotenje-1

Новите понуди претставуваат најголема надградба на комерцијалните печатачи од HP за последнава декада, означувајќи ја интеграцијата на интелектуалната сопственост и иновациите од целата организација.

Нашите клиенти имаат потреба од иновативна технологија скроена по теркот на нивниот работен обем, која е едноставна и ефикасна и им помага во водењето на бизнисот,” изјави Тод Бредли, извршен потпретседател на HP печатачки и персонални системи “HP нуди нови начини на печатење кои што претходно не биле возможни – супериорна брзина и работа кои ќе го подигнат канцелариското работење на ново ниво на ефикасност.

HP OfficeЈet Pro: извонредна брзина, квалитет, сигурност и исплатливост за малите и средни претпријатија (МСП)

HP Officejet Pro X Series десктоп печатачите и мултифункционални печатачи (МФП) овозможуваат до двапати поголема брзина и најмногу преполовување на трошоците за печатење споредено со ласерските печатачи во боја од нивната класа. Оваа нова класа на уреди се служи со HP PageWide Technology, инкџет платформа од следната генерација која поставува нов стандард во печатењето наменето за мали работни групи. Оваа серија печатачи на малите и средни претпријатија (МСП), оддалечени (истурени) канцеларии и деловни ограноци им нуди  висококвалитетни документи со брзина на печатење до 70 страници во минута.

HP LaserJet и решенијата за дигитализација на канцеларијата врз основа на технологија во облак, го поедноставуваат пристапот до податоците

Создавањето на огромни количества на бизнис и владини податоци значи дека клиентите имаат потреба од следење на начинот на менаџирањето и пристапување до информацијата. HP LaserJet Enterprise flow MFP M525c и HP LaserJet Enterprise color flow MFP M575c нудат повисоки перформанси при процесирањето и споделувањето на документи. Ова обезбедува идеален влез во дигиталниот свет со помош на врвно скенирање и влез на податоците, со забрзан премин, од хартија во дигиталната виртуелна канцеларија.

МФП уредите од HP може да се интегрирааат со решенијата за управување со содржини кои се базиираат на софтверските решенија на Autonomy, компанија од семејството на HP, што може да се направи по избор на местото каде се наоѓате или некаде таму во облакот. Со поврзувањето на печатачката технологија на ХП со решенијата на Autonomy, клиентите можат да пристапат до информацијата во документите, да ја организираат и да ја пренесат, независно дали се работи за аудио или видеосодржина, електронска пошта или интернет-страница

hp-gi-otkriva-novite-pecatarski-inovacii-koi-go-digitaliziraat-kancelariskoto-rabotenje-2

HP Flow CM Professional на бизнисите во развој им нуди можности еднакви на оние на големите компании, со безбедносни можности кои даваат поддршка за водечки банки, правни фирми и берзи. Понудата базирана на облак ја зголемува соработката и продуктивноста преку олеснето маркирање, индексирање, зачувување, пребарување и повраток на документите преку уникатниот интуитивен интерфејс кој е дизајниран да ги предвиди желбите на клиентот.

HP Flow CM Enterprise е составен од сет на понуди за работа со документите во компаниите (РДК) за големи организации кои даваат моментален пристап до виталните информации и помагаат во интегрирањето, поедноставувањето и автоматизацијата на процесите за намалување на оперативните трошоци, подобрување на продуктивноста на вработените и помага во напорите за усогласување.

“The HP Flow CM Professional и HP flow MFP  ни нудат  можност за подобрување на продуктивноста на вработените преку процеси на соработка и рационализација, дозволувајќи ни повеќе време да им посветиме на нашите клиенти и бизнисот воопшто" – рече Стивен Касар, главен извршен директор во седиштето на TICKET, " Гледаме како овие понуди имаат многу позитивно влијание на нашиот бизнис – преку лесно скенирање на документите, нивно лесно лоцирање во системот за управување на документи кој се базира на облак-архитектура, како и лесно печатење на информацијата"

Зголемена продуктивност со печатење во канцеларијата

Организации со различни големини можат да се справат со потребата за зголемена продуктивност истовремено намалувајќи ја сложеноста на нивното печатачко опкружување.

За МСП кои бараат начин за подобрување на работната ефикасност со брзи, моќни отпечатоци, HP нудат и две дополнителни серии на HP LaserJet Pro печатачи. HP истотака ги претстави и новите и подобрени решенија за справување со документи заедно со печатачите HP LaserJet Enterprise series кои ја поедноставуваат продуктивноста во фирмите. За работниците во движење, HP сега нуди поголем пристап до апликациите на облакот, вклучувајќи ја тука и поддршката за поштенско сандаче од Google Apps преку неговиот HP ePrint Enterprise.

За подобрување на текот на работата со издвојување на комуникациите на клиентите преку посебни канали за печатење и електронска пошта, HP ги нуди HP Exstream LiveSite Connector и HP Claims Correspondence 2.0. HP Exstream LiveSite Connector ги комбинира решенијата од Autonomy и HP Exstream за да понуди доследни, аналитички базирани, таргетирани комуникации. HP Claims Correspondence 2.0 го намалува времето потребно за комплетирање на циклусот побарување-наплата, овозможува побрза обработка на кореспонденцијата и ја зголемува он-лајн свесноста за статусот на побарувања преку обединување на содржините на документите со луѓето и процесите.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg