HTC ONE® станува компактен со лансирањето на HTC one MINI

Корпорацијата HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денеска го најави HTC One mini, компактна верзија на наградуваниот смартфон HTC One, кој го редефинираше искуството на користење на смартфон со револуционерните технологии како HTC BlinkFeed™, HTC Zoe™ и HTC BoomSound™.

htc-one-stanuva-kompakten-so-lansiranjeto-na-htc-one-mini-1

Достапен во 181 земја и во над 583 мрежи во светот, HTC One постигна ненадминат успех ширум светот, освојувајќи повеќекратни признанија во индустријата и подигајќи ја свесноста за компанискиот бренд кај младите корисници на досега највисокиот процент од 87%. Бројот на корисници што имаат намера да станат сопственици на производ од HTC во наредните шест месеци исто така се удвои, при што HTC One го препорачуваат 94% од сопствениците.

Одговарајќи на барањата на корисниците кои го сакаат најдоброто во мобилната технологијата во телефонски апарат што лесно лизнува в џеб, HTC One mini е предвесник на возбудлив период за компанијата, зашто ја унапредува нејзината платформа на иновативен лидер. Рафинирајќи го препознатливиот дизајн на HTC One, овој нов член во семејството комбинира 4,3-инчен дисплеј со моќен двојадрен процесор со 1,4 GHz. Исто така ја користи и најновата верзија на Android со HTC Sense®, донесувајќи им го врвното мобилно искуство од HTC на трагачите по подобар стил што сакаат супериорен изглед и супериорни перформанси.

„Горди сме што стоиме зад водечкиот смартфон на пазарот, а сега, со придодавањето на HTC One mini, и зад најдоброто семејство на смартфони во светот.” изјави Peter Chou, главен извршен директор на корпорацијата HTC. „HTC One mini го претставува сето она што го прави HTC One да биде успешен, во помала големина, но подеднакво впечатлив за око.”


Предмет на желба

Со јасен и вивиден 4,3-инчен екран со HD-резолуција и 720p, HTC One mini може да се пофали со ненадминатите дизајнерски квалитети на HTC. Достапен во глацијално сребрена и мат црна боја, со елегантно, алуминиумско компактно тело, тенок профил и обработени рабови, изгледа неверојатно убаво и удобно лежи в рака.


HTC BoomSound: мобилниот звук сменет засекогаш

HTC One направи револуција кај смартфоните во однос на аудио искуството со дуалните предни стерео звучници HTC BoomSound. Напојуван со сопствени засилувачи за да испорача помала дисторзија и пофини детали, HTC One mini го нуди истиот супериорен звук, донесувајќи чист моќен звук што вас и вашите пријатели ве ставаат во центарот на акцијата, независно дали слушате музика, гледате видеа или играте игри. Интегрирањето на Beats Audio™ го доведува целокупниот звук на ново ниво, гарантирајќи ви го најдоброто аудио искуство достапно на мобилен телефон.


HTC BlinkFeed: Сите ваши омилени содржини на еден екран

HTC One mini ги става вашите омилени содржини во центарот на вашиот мобилен свет. Преобразувајќи го екранот во единствен извор во живо на релевантни информации, HTC BlinkFeed донесува социјални новости, вести и фотографии директно на местото каде што најмногу ви требаат. Собирајќи ги најновите содржини, со над 10.000 достави на вести на ден од најрелевантните и најинтересните извори, сите информации што ви требаат ви се достапни веднаш, без потреба да се менуваат бројни апликации и вебсајтови.


Камера HTC UltraPixel со HTC Zoe и
Video Highlights

Никогаш не пропуштајте ни миг со револуционерното искуство на камерата од HTC, овозможено од чудесната UltraPixel Camera и HTC Zoe. Камерата UltraPixel на HTC фаќа 300 проценти повеќе светлина од традиционалните сензори на камерите на смартфоните, сликајќи фотографии со неверојатни детали и збогатен динамичен опсег, дури и при слаба светлина. HTC Zoe исто така ги оживува посебните мигови во животот преку видеа од 3 секунди, овозможувајќи низа напредни можности за монтирање и за креативна флексибилност.

Имајќи ја можноста да снимате слики што оставаат без здив и чудесни авто-портрети со предната камера со 1.6 MP, нема да сакате да ги зачувувате само за себе. Гледајте како вашите фотографии оживуваат во жива галерија што дише и споделете ги посебните настани со визуелно сензационални 30-секундни шоуа, автоматски креирани од Video Highlights - без професионален софтвер ниту вештини потребни за монтирање. Едноставно изберете ваша музика од претходно поставените теми или од вашата лична музичка библиотека, пред да ги споделите вашите видеа онлајн за сите да уживаат во нив.


Глобална достапност

HTC One mini ќе биде достапен на селектирани пазари од август, а глобално ќе биде пуштен во продажба во септември.

htc-one-stanuva-kompakten-so-lansiranjeto-na-htc-one-mini-2

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg