Претставен е новиот iPhone 5s и 5c

Како што веќе подолго време се очекуваше, новите модели на iPhone беа претставени само пред неколку часа и позитивно ги изненадија сите љубители на овие смартфони.

pretstaven-e-noviot-iphone-5s-i-5c-01

Новитетот кој ги изненади сите присутни е што новиот модел 5c, кој е изработен од силиконска обвивка, а не препознатливиот алуминиум, само заради тоа ќе чини неполни $100 долари.

Производителите уверуваат дека и покрај големата разлика во цената, купувачот ќе добие потполно ист квалитет, само различен изглед.

Најновиот модел на iPhone 5c е достапен во повеќе бои - бела, неонско зелена, сина, портокалова и жолта.

pretstaven-e-noviot-iphone-5s-i-5c-1

Додека пак, за понапредната верзија на iPhone 5s важат цените како и за 5-ката, а во продажба ќе може да се најде од 20 септември.

Од компанијата потврдија дека овој модел ќе биде побрз цели 56 пати од првичниот, а ќе биде достапен во црна, сребрена и златна варијанта.

pretstaven-e-noviot-iphone-5s-i-5c-2

Apple исто така го претстави и најновиот оперативен систем iOS 7 кој ќе биде достапен од 18 септември и се смета дека ова е најголемата промена во iOS уште од создавањето на првиот iPhone. Ќе биде достапен за сите корисници на iPhone 4 и сите модели по него.

Што мислите вие за новиот iPhone? Кој модел најмногу ви се допаѓа?

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg