Нова Gemius Ranking услуга за Македонија

Ranking.mk е проект кој е дизајниран за да им служи на веб и графичките дизајнери, како извор на релевантни податоци за последниот развој и трендови на македонскиот интернет пазар.

nova-gemus-raking-usluga-za-makedonija-01

Овој сајт, помеѓу другото нуди рејтинзи за:

  • Веб пребарувачи
  • Оперативните системи
  • Мобилните уреди
  • Флеш верзиите
  • Веб директориуми
  • Земји од кој што посетителите ги посетуваат македонските сајтови
  • Резолуција


Оваа недела Gemius ги објави првите резултати од gemiusTraffic - истражување на интернет сообраќајот во Македонија.

Во 2013-та година интернет корисниците опфаќаат околу 55% од македонското население. Резулатите од gemiusTraffic за Септември 2013-та покажуваат дека најпопуларен оперативен систем во Македонија е Windows 7, односно над 54% од посетите на страници се направени со користење на овој оперативен систем.

nova-gemus-raking-usluga-za-makedonija-02

Кога станува збор за мобилниот интернет, само 7% од целиот сообраќај во Македонија не се генерира преку мобилни уреди или уреди кои се персонални компјутери. Во Македонија најпопуларен производител на мобилни уреди е Apple, над 34% од посетите на страници (page views) сe направени преку користење на Apple уредите.

nova-gemus-raking-usluga-za-makedonija-03

Gemius Ranking е проект кој опфаќа 20 веб страни кои прикажуваат податоци врз основа на Gemius Тraffic мерењето на сообраќајот на интернет сајтови спровeдено во – Македонија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Германија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Русија, Србија, Словакија, Словенија, Турција, Украина, како и регионот МЕНА.

Ranking.mk e составен дел на Gemius Ranking и нуди бројни податоци во врска со интернет сообраќајот во Македонија.

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава