Алка која ќе ви каже колку сте пијани

Ако и вие сте од оние кои кога ќе се опуштат со друштвото забораваат колку испиле, па потоа им е тешко да ја најдат вратата за да излезат, а не уште и да стигнат дома, тогаш ова е вистинскиот изум.

alka-koja-ke-vi-kaze-kolku-ste-pijani-01

Алката „Vive“ изгледа вообичаено и симпатично, а функционира на тој принцип што има сензори за дехидратација и преголемо количество алкохол, кои реагираат според пулсот на раката и потта на кожата.

Покрај тоа има и вграден Wi-Fi, Bluetooth и GPS кои се поврзуваат со вашиот мобилен и ви кажуваат точен процент на алкохол во крвта и колку сте пијани. Откако ќе видите колку сте ја надминале границата, вие одлучувате уште колку ќе продолжите да ја надминувате.

Она што е дополнително интересно е тоа што вакви алки може да имаат и вашите пријатели, за секогаш кога ќе почувствуваат мачнини или ако им е потребна вашата помош да може да ви испратат сигнал.

Идеално решение за сите кои се вечни фанови на забавата и долгите пијанки.

alka-koja-ke-vi-kaze-kolku-ste-pijani-1.jpg

Би сакале една ваква алка?

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава