Picasa ќе препознава лица

picasa-kje-prepoznava-lica-povekjeГугл издаде нова верзија на својот програм за каталогизација на фотографии - Picasa која како најважна новост ја донесува технологијата за автоматско...

 

...препознавање на лицата.picasa-kje-prepoznava-lica

Picasa 3.5 на сличен начин како и нејзината интернет верзија Picasa Web Albums, ги скенира вашите фотографии во потрага по лицата, а потоа ги групира фотографиите на кои се наоѓаат одредени луѓе.

Корисникот само треба да напише кои се тие луѓе. Целиот процес трае малку подолго, а доколку корисникот има некои слики поставени на интернет, сервисот може да се синхронизира и со тие фотографии.

Кога целиот процес ќе заврши, корисникот има можност за едноставно организирање на фотографиите во однос на луѓето кои се наоѓаат во нив.

Освен препознавањето на лицата, новата Picasa донесува и можност за поврзување со Google Maps, што значи овозможува вашите слики да добијат географска ознака, што би претставувало нивно поврзување со местото каде што се направени.

Овој софтвер можете бесплатно да го превземете од страницата на Google, а корисниците на постарите верзии имаат можност автоматски да ја надоградат својата верзија со новата.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава