Зошто само 160 карактери?

zosto-160-karakteri-povekjeСте се запрашале ли некогаш зошто должината на СМС пораките е ограничена на токму 160 симболи?
Навистина, вие можете да напишете и подолга порака...

 

...но во тој случај таа се поделува и се праќа како неколку. Од каде потекнува таквото ограничување?

Во 1985 година, кога мобилните телефони претставувале нешто кое било недостижно за секој или професионалнa алатка, операторите работеле на способноста да се праќаат дополнителни информации по стандардните канали на врската.

Комуникацијата, исклучиво вербалната, ги ограничувала корисниците на кои им била потребна размена на текст и фотографии.

Се разбира, тогаш таквата можност се сметала за непотребна, но перспективите на развојот на мобилната телефонија ја надминале фантазијата на инженерите, и сето она што тогаш се сметало за излишно наеднаш станало возможно.

Еден инженер, Фридхелм Хилбранд, внимателно го набљудувал преносот на податоци во мобилната мрежа преку zosto-160-karakteriсекундарен канал.

Таа лента на фреквенциите се одликува со мала можност за пренос, и долго време се користела за регуларна размена на податоци меѓу телефонот и мобилната станица - своевидна проверка на врската и нејзиното ниво на квалитет.

Кога Хилбранд ја споделил идејата за пренос на текстуални пораки со своите пријатели, тие му се потсмевале. „Кому му е потребна таква бескорина услуга?“, му се потсмевале. Сепак, мобилните оператори таа идеја ја зеле предвид и набрзо Хилбранд со група инженери се зафатил кон изработка на СМС протоколот.

Првобитно, капацитетот на пораките бил 128 симболи - имено, толку бајти во еден пакет податоци можело да се пратат преку секундарната мрежа. Но, инженерите сметале дека толкавата количина знаци е недоволна, и почнале да ја усовршуваат разработената технологија.

Откако ги проанализирале стандардните текстови, дошле до заклучок дека низа симболи не се корисни за пишување СМС, што овозможило да се скрати општиот број на знаци.

Останатите симболи ги превеле од стандардниот 8-битен систем на прикажување во уникатниот 7-битен, што овозможило да се сместат повеќе податоци при зачувувањето на количеството податоци во пакетот.

И најпосле, успеале да го прошират пакетот на пренос до 140 бајти, во кои можеле да се сместат 160 симболи.

Дел од тимот настојувал да се продолжи со разработката и зголемувањето на капацитетот на СМС, но Хилбранд постапил поинаку.

Немајќи никаква претстава за маркетиншките истражувања за потребите на пазарот, донел одлука да се остане на 160 знаци, водејќи се од два аргумента: толку симболи се дозволени на поштенските картички, и толкав бил капацитетот на еден пакет на пренос на податоци во телеграфската мрежа на Телекс.

На почетокот капацитетот на СМС бил доволен - но потоа, како што се развивала технологијата, кога се појавиле телефонски направи со огромни тастатури, 160-те симболи за една порака станале претесни.

Останува да видиме дали ова ќе остане вака или некој ќе ја прошири можноста за подолги СМС пораки.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg