Оживејте го вашиот свет со новиот HTC One

Барселона, Светски конгрес за мобилна технологија,1 март 2015 – HTC денеска го претстави својот досега најперсонализиран, најубав и најмоќен смартфон, HTC One M9. Најновиот предводник во светски признаеното семејство HTC One, HTC One M9 претставува класика и воедно безвременско прославување на убавината и елеганцијата коешто е комбинација на висок стил и перформанси, овозможувајќи ви да добиете најмногу од вашиот мобилен телефон.

ozivejte-go-vasiot-svet-so-noviot-htc-one-01.jpg

„HTC го изгради своето реноме предизвикувајќи ги очекувањата во мобилната индустрија,” изјави Cher Wang, претседателката на HTC. „Со HTC One M9 ова одново се постигнува со спектакуларна елеганција и дизајн, во комбинација со интелигентни опции што ви помагаат да го оживеете вашиот свет, поврзувајќи ве на подлабок начин со нештата што вие ги сметате за најважни. Толку повеќе од обичен телефон, HTC One M9 е продолжување на тоа што сте вие.”


Целосно прославување на дизајнот

Врз база на тригодишната потрага по извонредност, HTC One M9 го спојува најдоброто од наградуваните HTC One M7 и HTC One M8 во спектакуларен, легендарен дизајн. Препознатливите метални рабови совршено се искомбинирани со грациозните облини што даваат изглед споредлив со накит. Мал е и лесен за држење, а мајсторски изработениот дизајн на целосно металното компактно тело е нагласен со деликатниот двобоен финиш во сребрена и розово златна боја¹, којшто е истовремено и препознатлив и траен. Огледално полираните златни страни каскадно и без напор се преточуваат во линијата на задниот панел, врамувајќи го блескавиот и вивиден дисплеј.

ozivejte-go-vasiot-svet-so-noviot-htc-one-1.jpg


HTC Sense 7:
Ваше продолжување

Вашиот телефон би требало да кажува кој сте вие, а искуството со новиот HTC Sense™ 7 ви дава контрола врз сѐ. Крајно приспособлив и интуитивно вие, HTC Themes ве става во центарот на смартфон искуството, интелигентно анализирајќи ги вашите омилени фотографии за да го модификува изгледот и чуството на вашите апликации, обрасци на боја и позадини.

Како ваш постојан сопатник, вашиот смартфон е во совршена позиција да го збогати вашиот мобилен живот. Sense 7 го пресоздава вашиот home screen за да ги испорача најкорисните апликации на homepage-от зависно од вашата локација. Независно дали сте дома, работите или играте, со оваа контекстуална, приспособлива алатка никогаш не сте повеќе од еден клик оддалечени од опциите што ви се потребни. Уште поинтелигентниот HTC BlinkFeed™ го олеснува и откривањето на скриените убавини што ве опкружуваат преку користење на податоците за локацијата за да ви препорача интересни места, новости и информации.

Неверојатни слики: Ви помагаат да ги создадете најдобрите спомени

Бидејќи најдобрата камера е онаа што можете да ја носите в џеб, вашиот смартфон би требало да ви овозможи без ронка напор да направите брилијантни, креативни и забавни слики. Камерите на HTC One M9 се дизајнирани да го фатат секој момент со чудесен квалитет, овозможувајќи ви да ги преживувате тие моменти одново и одново. Главната камера доаѓа со неверојатни 20 мегапиксели коишто му даваат акцент на секој најситен детал, а леќите од сафирско стакло ја штитат од гребнатини. За добивање на пластични видеа што личат на најновите блокбастери, камерата снима и видеа со резолуција од 4K.

Најдобрите моменти ве изненадуваат и спонтаноста честопати не излегува целосно осветлена. Врвниот придружник на импулсивниот фотограф, HTC One M9 ги решава ниско-осветлените снимки со моќната предна камера UltraPixel™. Динамичната автоекспозиција и UltraPixels што фаќа 300% повеќе светлина од стандардните камери, даваат поостри, поприродни и балансирани селфи во секакви услови на осветленост.

HTC Sense 7 со софтверот EYE™ Experience на HTC го прави лесно сликањето креативни фотографии. Низата нови ефекти за уредување фотографии како Shapes, Prismatic, Elements и Bokeh ви овозможуваат да додадете по малку индивидуална имагинативност во секоја слика, автоматски уредувајќи ги со апликацијата Zoe™, ставајќи им музика по ваш избор² и дозволувајќи им на пријателите да прават ремикс на колекцијата со сопствените слики, на тој начин создавајќи споделено прославување на секој момент.

Со толку многу неверојатни слики, може да стане тешко набрзина да им ги покажете на пријателите тие фантастични слики. Каде и да се зачувани, новата галерија на HTC One го прави лесно пребарувањето низ целата фото-библиотека, при што ги гледате сликите зачувани на телефонот, на социјалните медиуми и на избрани cloud платформи3. Галеријата ви ја доносува целата ваша фото-библиотека на дофат на прстите, со пребарувања по датум, локација, настан, албум, па дури и по самите слики со Image Match.

ozivejte-go-vasiot-svet-so-noviot-htc-one-2.jpg


Освежувачко аудио: Слушнете ја разликата

Вистински одлично визуелно искуство заслужува звук којшто ве става во првиот ред. HTC One M9 гарантира музичко искуство поголемо од звук во живо благодарение на HTC BoomSound™. Легендарните двојни предни звучници на семејството HTC One, сега комбинирани со 5.1 Dolby® Surround sound4 симулација, ве носат уште поблиску до акцијата, испорачувајќи извонреден мултидимензионален кино звук. Со обединување на HTC BoomSound и Dolby Audio™ се создава тотално внесување  во аудио доживувањето, така што ќе уживате во филмови со звук како на кино дури и без да ги поврзете слушалките или надворешните звучници. Без оглед дали слушате преку стерео звучници или слушалки, дури и најпребирливите музички фанови ќе бидат одушевени од поддршката што ја дава телефонот за совршен, 24-битен high-definition звук којшто го надминува и квалитетот на CD. Единствената комбинација на HTC BoomSound, Dolby Audio, фино подесениот звучен профил и Qualcomm® Immersive Audio им дава на сета ваша музика и на сите ваши филмови непогрешлив белег на HTC One M9.


Поврзување на вашиот свет

Смартфоните сѐ побрзо стануваат централни точки на домашната забава, а HTC Connect™ го прави едноставно уживањето во вашите мултимедиумски содржини надвор од вашиот телефон. Со повлекување со три прсти на екранот го поврзувате телефонот со компатибилните ТВ уреди или надворешни звучници од водечки производители вклучувајќи го и Harman Kardon. Опцијата плејлиста на HTC Connect, интегрирана со интелигентната медиумска платформа Qualcomm® AllPlay™ и со безжичната медиумска технологија Blackfire Research™, ви овозможува вам и на вашите пријатели да стримувате содржини од вашите смартфони до повеќе домашни уреди за забава. За врвно поврзано ТВ искуство од вашиот смартфон, HTC One M9 доаѓа ексклузивно со апликацијата Peel® Smart Remote. Моментално поврзувајќи ве со емисиите што ги сакате, апликацијата дури и учи од вашите навики во гледањето, претворајќи го вашиот смартфон во личен ТВ водич и далечински управувач.

ozivejte-go-vasiot-svet-so-noviot-htc-one-3.jpg


Додатоци и достапност

Заради повпечатлив изглед, HTC One M9 ќе биде достапен со цела низа единствени и прилагодлииви додатоци вклучувајќи ја и втората генерација на футролата HTC Dot View, којашто донесува поголема ретро персонализација благодарејќи на серијата нови карактеристики и опции на бои. Транспарентната заднина го чува вашиот смартфон недопрен без да го крие од светот, а футролата внесува забава дури и во најдосадните моменти претворајќи се во мини играчка платформа. Новата футрола HTC Dot View нема да им пречи на апликациите како Instagram, Snapchat и Badoo5 зашто нотификациите што доаѓаат преку футролата ве известуваат за најновите фотографии, пораки и check-ins.

Животот нема лимити, и кога вашата авантуристичка страна ќе ве одведе во непознатото, водоотпорните IP68 Active Case и Active Headset значат дека вашиот телефон може храбро да ве следи каде и да ве одведе акцијата, држејќи чекор со најепските авантури.

HTC One M9 ќе биде глобално достапен во двобојна сребрена и розово-златна варијанта, еднобојна метално сива, еднобојна златна и двобојна златна и розова во средината на март.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg