Нанотехнологијата е опасна

Нано- технологијата се користи во производството на облека, козметика и бои, додека трендот на употребата секојдневно расте. Иако...



... честичките кои не се поголеми од милионити дел од 1милиметар, имаат доста корисен ефект во различни области на употреба, токму поради своите димензии може да имаат штетно влијание врз човечковиот организам.

Најголемата предност на наночестичките е нивната мултифункционалност така што тие, на пример, ја спречуваат појавата на текстилни бактерии и непријатни мириси, а во кремите за сончање делуваат против штетните УВ зраци.

Ризиците од инаку многу користената нанотехнологија се тестирани на животни во САД, каде што се покажа дека "слободните" мали честички може да дојдат до телесните клетки и да ја оштетат ДНК-та кај човекот. Покрај тоа, честички може со дишењето да влезат во белите дробови и да предизвикаат инфекции.

Германската агенција за животна средина затоа даде изјава во која ги предупредува потрошувачите за штетните ефекти на честичките, кои не се видливи за голо око: "Додека не се открие точниот ефект на нано честички врз луѓето и животната средина, ние предлагаме да избегнувате користење на производи базирани на нанотехнологија."

Агенцијата бара специјално етикетирање на производите кои содржат нано-честички, како и објавување кои производители користат нанотехнологија во своите погони.

Во исто време, ги потсетуваат корисниците дека козметички препарати со наночестичките денес можат да се идентификуваат по знаковите "titandioxid" и "zincoxid".

Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава