Моќниот HTC One M9 доаѓа во Македонија

Скопје, 16 април 2015г. – HTC денеска го промовираше пред македонската публика најмоќниот претставник на светски познатата HTC One серија, елегантниот HTC One M9. HTC One M9 ќе биде достапен кај нас во последната недела од април во продажните салони на сите партнери на HTC: Т-Мобиле, Вип и Оне. Долгоочекуваниот HTC One M9 на домашните љубители на врвното смартфон доживување ќе им биде достапен во две бои, метално сива и златно сребрена боја.

mokjniot-htc-one-m9-doagja-vo-makedonija-1.jpg

Секогаш посветен кон извонредност, HTC уште еднаш успеа да создаде телефон кој заслужува внимание.

‘’Особено ми е драго што сме тука со вас и што имаме можност одблизу да ви ги презентираме извонредните карактеристики на нашиот HTC One M9. М9 претставува совршена комбинација на стил, убавина и перформанси која овозможува врно доживување од еден смартфон. Во Македонија М9 ќе биде достапен преку трите мобилни оператора на крајот на април. ‘’ изјави Николај Нанков, Регионален менаџер на ХТЦ за Македонија и Бугарија.

Највпечатливите карактеристики на овој извонреден телефон се:

- Спој на најдоброто од наградуваните HTC One M7 и HTC One M8 во спектакуларен, легендарен дизајн со препознатливи метални рабови одлично искомбинирани со грациозните облини.

- Главна камера со неверојатни 20 мегапиксели која овозможува правење 4К видеа додека со предната UltraPixel™ селфи камера можете да правите фотографии и видеа со извонредна јасност и да опфатите 300% повеќе светлина од вообичаените камери со иста резолуција.

- Единствената комбинација на HTC BoomSound, Dolby Audio, фино подесениот звучен профил и Qualcomm® Immersive Audio кои гарантираат незаборавно музичко искуство и се непогрешлив белег на HTC One M9. Ова е првиот HTC телефон кој има 5.1 channel Dolby® Surround sound  кој ве носи во срцето на акцијата.

- HTC Sense 7 со софтверот EYE™ Experience на HTC го прави лесно сликањето креативни фотографии. Низата нови ефекти за уредување фотографии како Shapes, Prismatic, Elements и Bokeh ви овозможуваат да додадете по малку индивидуална имагинативност во секоја слика која ја правите.

Накратко, М9 е многу повеќе од обичен телефон кој секако вреди да го имате.

mokjniot-htc-one-m9-doagja-vo-makedonija-2.jpg

Новиот телефон ја продолжува традицијата на HTC во правењето телефони со прекрасен изглед. HTC One M9 е еден од најубавите смартфони на пазарот. Сега конечно знаеме кога атрактивниот телефон ќе пристигне во Македонија.

 

За HTC

Основана во 1997, Корпорацијата HTC е креатор на бројни наградувани мобилни уреди и првенци во индустријата. Ставајќи ги луѓето во центарот на сѐ што прави, HTC ги поместува границите на дизајнот и технологијата за да создаде иновативни и персонализирани искуства за корисниците ширум светот. Портфолиото на HTC вклучува смартфони и таблети со HTC Sense®. HTC котира на Тајванската берза (TWSE: 2498). За повеќе информации, посетете ја страницата www.htc.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg