6 работи кои ги сфаќаме погрешно во врска со компјутерите

Компјутерите веќе не се само нешто што го користиме повремено, туку се составен дел од нашиот секојдневен живот. Но, нивната сеприсутност во нашето општество не значи дека сите имаат целосно разбирање за нив.

6-raboti-koi-gi-sfakame-pogresno-vo-vrska-so-kompjuterite-01.png

Многу луѓе имаат заблуди за своите компјутери.

Ова се 6 работи кои ги сфаќаме погрешно во врска со компјутерите:

1. Должината и комплексноста на лозинката

Една од најпознатите приказни кои сте ги слушнале за лозинките е дека морате да ја направите вашата лозинка многу долга, комплексна и криптична.

Како резултат на тоа, некои луѓе ги прават лозинките толку долги што дури и тие ги забораваат, поради што често ги запишуваат на одредено место.

Поради ова, некој многу лесно може да ја најде истата лозинка. Многу луѓе, одбираат лозинки поврзани со нешто што им се допаѓа, нешто што лесно може да се погоди, како место на раѓање, датуми, име или прекар од детство.

Најдоброто нешто што можете да го направите е да ги задржите вашите лозинки во вашата глава, да бидат лесни за помнење и да не ги правите предолги.


2. Син екран

Многу луѓе претпоставуваат дека нивниот компјутер е расипан или дека има вирус, доколку го видат синиот екран.

Синиот екран може да биде знак за многу посериозни проблеми, но овие грешки ретко се фатални и ретко се поврзани со вируси.

Синиот екран, речиси секогаш се појавува, бидејќи новите програми или ажурирања предизвикуваат проблем, а компјутерот самиот се гаси за да спречи оштетување.

Се разбира, ова повремено може да биде и сериозен хардверски проблем.


3. Random Access Memory или РАМ меморија

Многу луѓе мислат дека им е потребна поголема РАМ меморија кога немаат доволно простор на хард дискот. Ако ​​немате доволно простор за сите ваши фајлови, ќе ви треба поголем хард диск.


4. Бавен компјутер

Кога некој компјутер станува бавен, речиси секогаш се обвинуваат вирусите. Вистината е дека компјутерите со тек на време, поради голем број причини, стануваат бавни.

Еден од проблемите може да биде едноставно дека е стар.

Исто така, колку повеќе програми има кои ја исцрпуваат вашата РАМ меморија, поголема е можноста компјутерот да биде бавен.


5. Вируси

Вирусите се еден вид на злонамерен софтвер, кои постојат во голем број категории и со различни имиња и методи на дистрибуција.

Некои од нив се сосема различни групи како „spyware“ и „adware“, кои се дизајнирани да ги украдат вашите информации.


6. Малициозни софтвери од електронските пораки

Предупредувања поврзани со страшни вируси кои ве чекаат во вашето сандаче циркулираат од доаѓањето на малициозните софтвери, но тие, често пати се лажни аларми.

Иако е точно дека никогаш не треба да отворите e-mail од недоверлив извор, не можете да добиете вирус од едноставно читање на пораката.

Но, понекогаш и самото одење на одредена веб страна може да биде ризик, доколку страната не е проверена. Ова е причината зошто е добро да го скенирате вашиот систем редовно, за секој случај.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава