Најдобрите 5 пребарувачи кои не се IE, Safari или Firefox

Ако поседувате компјутер, сигурно веќе долго време го користите Internet Explorer - от или сте ја инсталирале новата верзија на Firefox. Ако сте сопственик...

 

...на Мекинтош, тогаш најверојатно е дека веќе долго време користите Safari, или пак сте посегнале по инсталацијата на Firefox.
И ние користиме Firefox, и затоа не е ни чудо што овие три пребарувачи земаат удел од 97.1% од пазарот. Но, што е со останатите луѓе кои протестираат против се што е корпоративно и оние што го одбиваат она што е доминантно?

Постојат изненадно одлични веб пребарувачи кои што не добиваат ни малку внимание ни љубов, а би требало.
Еве ги останатите фаворити:

5. Sunrise (Mac)

sunrise

Sunrise е брз мал пребарувач кој има компатибилни алатки, дури stop и refresh копчето се искомбинирани во едно. Она по што се разликува е по обоените визуелни bookmarks и по брзата промена на големината на страните (640/800/1024/FH). Одличен е за брзо пребарување, особено на страните за возрасни, но за се останато е помалку доверлив.


4. Shiira Проектот (Mac)

shiira

Shiira проектот има преубав дизајн и изглед, многу табови и приватни подржувачи за сите оние перверзни карактери зад мониторот. Информациите за страната се категоризирани на пример: линкови, html, css, javascript, слики и многу повеќе. Одличен е за сите крадачи на кодови! Целта на креаторите е да стане адекватна и поуспешна замена на Safari и сите изгледи индицираат дека полека успеваат во својата цел. Ако барате примамлив кориснички изглед, дефинитивно вреди да го проверите.

3. Songbird (Mac/Windows/Linux)

songbird

Сега можете да го слушате Мајкл Болт додека симнувате порно од интернет. Ситуацијата во секој случај е добитна! Овој медиа плеер во џебот на оделото на пребарувачот Songbird е полн со иновации. Да речеме дека пребарувате музички блог; може да кликнете на некоја MP3-ка и Songbird ќе ја свири како да е песна од вашиот компјутер. Ако сакате да ја зачувате на Songbird само треба да одите со принципот drag and drop. Креаторите се нарекуваат пионери на невозможното како комбинација од Yahoo! Music и Winamp. Браво дечки за креативноста!


2. Flock (Mac/Windows/Linux)

flock

Flock е дефинитивно пребарувач за зависници од локални дружења влучуваќи ѓи тука Facebook, YouTube, MySpace...Интерактивен и полн со карактеристики кои овозможуваат по права смисла на зборот играње и со самиот пребарувач. Одлично!

1. Opera (Mac/Windows/Linux)

opera

Колку ли само приказни има за Opera. Беше блокиран од MSN.com и стана официјалниот пребарувач на Nintendo DS and Wii. Пред се овој пребарувач претставува моќна алатка. Тој е брз, чист и затоа некои почнаа да го нарекуваат најдобриот пребарувач до сега! Сепак Opera има многу недостатоци во однос на коматибилноста и сеуште не е бесплатен.

Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...

Најчитани неделава