Дали хартиените пасоши ќе престанат да постојат и што ќе користиме во нивна замена?

Технологијата ни ги олеснува секое патување повеќе од кога било. Во рок од неколку секунди можеме да си купиме авионски билет, да го провериме распоредот на возовите, да си резервираме хотелска соба.

dali-hartienite-pasosi-ke-prestanat-da-postojat-i-sto-ke-koristime-vo-nivna-zamena-001.jpg

Но, последниот новитет во однос на технологијата се занимава со трансформирање на еден од  најсуштинските елементи при секое патување - пасошот.

Компанијата Де Ла Ру, најголемиот светски производител на пасоши, во моментов работи на т.н. „пасош без хартија“, технологија која ќе ни овозможи да ги сместиме пасошите во рамките на мобилните телефони.

Пасошите ќе функционираат на сличен начин како и билетите за авион, без потребата за нивно печатење. Иако концептот е сѐ уште во почетна фаза на развој, веќе се јавува загриженост во врска со фалсификувањето и се поставува прашањето - што ќе се случи доколку некој го загуби телефонот.

digitalen-pasos-2.jpg

„Дигиталните пасоши на вашиот телефон ќе бараат инсталација на нов хардвер на уредот, со цел безбедно да се чува, така што не ќе можат да бидат ископирани од телефонот“, изјавуваат од компанијата која е задолжена за безбедносниот систем.

Рапидниот напредок на технологијата ветува дека наскоро сите документи кои ќе ги користиме ќе бидат во дигитална форма, а при последната пробна употреба на дигиталниот пасош, патниците дури можеле да си направат селфи-фотка за патната исправа.

Прашањето е – ќе станат ли дигиталните пасоши наскоро реалност? Колку би му верувале на безжичниот пасош и дали би му дале предност пред старата добра хартија?

Само времето ќе покаже.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава