Shazam за растенија - апликација која ќе ја обожаваат сите кои сакаат ботаника

Колку пати сте шетале во природа или сте се нашле во нечија прекрасна градина восхитувајќи се на некое убаво растение, без никаква идеја за што станува збор?

Shazam-za-rastenija-01.jpg

Вашите недоумици конечно завршуваат со трите апликации кои практично се опишани како Shazam за растенија. Достапни се на обата оперативни системи, iOs и Android и се базираат на истиот принцип, но со сосема малку различна технологија и интерфејс.

Leafsnap е апликација создадена од страна на универзитетски истражувачи, PlantNet е особено погодна за истражување на растенија на европското тло, додека Plantifer се поврзува со податоците од сајтот mygarden.org.

За нас е секако најпогодна втората апликација PlantNet која може  да ја пробате уште денес.

Еве како функционира: фоткате одредено растение, а потоа ја прикачувате сликата. Алгоримот потоа го користи пребарувачот на Гугл за да пронајде слични фотографии. Откако ќе собере доволно податоци за споредба, му го кажува на корисникот името, односно видот на растението.

Досега има каталогизирано над 6.000 различни растенија само во Западна Европа,  но и многу флора во Америка, Канада, Северна Африка, а самата апликација се заснова на помошта од корисниците кои додаваат фотки и ги обележуваат со точниот назив, што значи дека и вие може да земете учество во нејзиното секојдневно подобрување.

Мора да признаеме дека станува збор за интересна и одлична апликација. Конечно може да го дознаете името на она убаво цвеќе кое секојдневно го одминувате и му се восхитувате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава