Сајбер криминал ги демне социјалните медиуми – Зошто хакерот е заинтересиран токму за мене?

Според резултатите од истражувањето што го спроведоа Kaspersky Lab и B2B International, само мал број на испитаници ги разбираат ризиците врзани за активно користење на социјалните медиуми, а најмногу ризикуваат оние кои за пристап до социланите мрежи користат паметни телефони.

sajber-kriminal-gi-demne-socijalnite-mediumi-zosto-hakerot-e-zainteresiran-tokmu-za-mene-01.jpg

Комуникацијата преку социјалните медиуми е една од најпопуларните активности на интернет. Истражувањата покажуваат дека социјалните медиуми се трета најпопуларна активност, по проверувањето на мејлови и читањето, а на мобилните уреди дури и попопуларна - го завзема второто место.

Најголем дел од испитаниците, односно дури 78%  сметаат дека хакерите не се заинтересирани за нив и дури и не размислуваат за овој проблем. Секој десетти корисник ги дели своите приватни информации со непознати лица, додека 10% од испитаниците преку социјалните медиуми споделуваат приватни информации што не би ги откриле никому во реалниот живот.

Овие податоци дефинитивно потврдуваат дека корисниците не се свесни за опасностите додека ги користат социјалните медиуми. Неодговорното однесување на корисниците доведува до непријатни последици. Напаѓачите континуирано ги пребаруваат социјалните медиуми во потрага по податоци што корисниците ги оставаат. Овие информации им помагаат да извршат криминал,  користејќи ги нивните мејл адреси за различни измами. Од друга страна, пристапот до корисничкиот налог на сајбер-криминалецот му обезбедува многу можности, вклучувајќи праќање на малициозни линкови и документи на жртвите и на неговите пријатели, кражба на лични податоци што подоцна ги продаваат на црните пазари итн. Статистиките покажуваат дека интересот на хакерите за социјалните медиуми не попушта.

Според податоците на Kaspersky Security Network, производите на Kaspersky Lab блокирале повеќе од 800 милиони обиди за посети на фишинг страниците, а преку 45% од овие страници имитирале сајтови на социјални мрежи.

Голем дел, опдносно 50% од корисниците се среќаваат со сомнителни пораки кои упатуваат на превземање на потенцијално малициозен фајл, а 31% од корисниците примиле мејл кој е наводно пратен од социјалниот медиум кој бара акредитиви од тој корисник.

sajber-kriminal-gi-demne-socijalnite-mediumi-zosto-hakerot-e-zainteresiran-tokmu-za-mene-02.jpg

Корисниците на паметните телефони се наоѓаат во уште поголема опасност поради тоа што измамите преку смартфони потешко се забележуваат. Бројот на жртвите варира во зависност од користениот уред, но и од местото на живеење. Неовластен пристап континуирано пријавуваат корисници од Америка, Кина, Русија, Јапонија, сите земји од западна и од источна Европа итн.

За да не станете жртва на измамниците на социјалните медиуми, препорачливо е да:

  • Користите комплекси лозинки и да ја оневозможите функцијата „auto-complete“, особено ако се логирате преку паметен телефон или таблет;
  • Ограничете ја количината на информации која ја споделувате на социјалните медиуми ;
  • Не отворајте сомнителни документи, линкови, мејлови
  • Пред да ги оставите своите податоци, проверете дали веб-страната е лажна, креирана со цел да се земат вашите лични податоци, име и лозинка
  • И најважно – обезбедете го вашиот мобилен телефон од интернет закани со услуга за интернет заштита

Од исклучително значење е да се однесуваме одговорно и токму со такви одмерени и внимателни постапки ќе го намалиме ризикот од потенцијални злоупотреби на нашите податоци и ќе спречиме ширење на овој вид на криминал.

Содржините што се објавени на интернет, не може да уживаат приватност и сигурност, а заштитата на личните податоци почнува од корисникот кој треба да има на ум дека она што еднаш е објавено на интернет, таму останува засекогаш.

sajber-kriminal-gi-demne-socijalnite-mediumi-zosto-hakerot-e-zainteresiran-tokmu-za-mene-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg