Новиот смартфон VIVAX Fly V1 е едноставно „Предобар“!

Хрватскиот бренд VIVAX го лансираше својот најнов телефон во Македонија.

noviot-smartfon-vivax-fly-e-ednostavno-predobar-01.jpg

Скопје, (06.03.2018) Хрватскиот бренд VIVAX отвора нови поглавја на пазарот. Денес во Македонија за прв пат може да се најде најновиот VIVAX Fly V1. Како компанија која полека и сигурно напредува со своите производи смартфонот на VIVAX го претставува новиот чекор кој се презема.

Дали е можно да се биде Предобар кога се зборува за мобилни телефони. Како може еден смартфон да е Предобар?

Одговорот на ова прашање го дава Петра Ковач, менаџерката за производство која е задолжена за развој на VIVAX мобилните, „Да, овој наш нов смартфон VIVAX Fly V1 е развиен со идејата „Предобар“. Со години во развојот на нови мобилни се водиме од идејата дека на нашите корисници треба да им дадеме смартфон кој ќе обедини што поголем број на напредни функции во комбинација со убав дизајн и цена прифатлива за што поголем број на корисници. Одличните резултати од минатогодишното лансирање на VIVAX Fly 4 ја потврди успешноста на овој концепт и затоа продолжуваме со развојот на нови уреди.“

Новиот VIVAX Fly V1 ќе му се допадне на секој уште при првиот допир. Големиот 5,5“ екран со исклучително тенка рамка, позната како „infinity screen“, покрива голем дел од предната страна на самиот уред. Кристално чистиот HDS IPS 18:9 екран и батеријата од 3000 mAh се одлично вклопени во тенко и елегантно куќиште. Целокупниот впечаток се дополнува со задниот дел на уредот изработен од внимателно одбрани материјали обработени до висок сјај што му овозможува изглед сличен на огледало, таканаречениот „mirror look“, со што овој смартфон се одделува од повеќето уреди достапни на пазарот.

noviot-smartfon-vivax-fly-e-ednostavno-predobar-02.jpg

„Срцето на нашиот нов смартфон го исполнува Mediatek процесорот и најновиот Android 8.0 Oreo што е карактеристика со која можат да се пофалат само големите играчи во производство на ваква категорија на производи.“, вели Филип Трифуновски, бренд менаџер на VIVAX во Македонија, „VIVAX Fly V1 го опремивме со бројни корисни и тренди опции како Face ID функции за отклучување на уредот преку препознавање на лицето на сопственикот, читач на отпечатоци на прсти, Split Screen поделба на екранот на два дела за симултана работа на повеќе апликации, екран кој функционира и со ракавици. Телефонот се одликува и со две камери со блиц, задна од 13Mpx и предна со 8Mpx, системска и работна меморија од 3GB и 32GB, двоен SIM влез, Gorilla glass заштита и 4G пристап до мобилна мрежа.“

Најновиот телефон на VIVAX уште денес може да се најде во Хенди и Нептун, а повеќе за него може да се прочита на: http://predobar.com/mk.html

„Искрено веруваме дека оваа комбинација на премиум дизајн, напредни карактеристики и цената се добар доказ дека и еден смартфон може да биде Предобар.“, истакнува Филип.

Смартфонот VIVAX Fly V1 во своите три бои Moon Gray сива, Lumino Black црна и Liquid Gold златна, едноставно мами да се земе во рака.

noviot-smartfon-vivax-fly-e-ednostavno-predobar-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg