5 начини како технологијата го подобрува уживањето во храната

Низ нашите животи сме забележале дека храната добива најмалку бенефити од развојот на новите технологии. Комуникацијата, дигиталната меморија, возилата, градежништвото и бројни други полиња доживеаа револуции во своите области.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata-01.jpg

Од друга страна, пак, новите гаџети кои секојдневно ги користиме се користат во комбинација со старите веќе познати кујнски помагала, паметни фрижидери, рерни, микропечки итн. 

Овие нови идеи коишто претставуваат всушност модерни иновации, а не само прилепување на новата технологија на старите кујнски помагала, се фокусираат на намалување на калориите, намалување на времето на подготовка, информирање за тоа што јадеме и нормално, како може да го користиме нашиот телефон кога се работи за храна.

Кои технолошки изуми се тука да ни го подобрат уживањето во храната?

3Д печатење на храна

Името на 3Д печатачот за храна е Фудини. Многумина од вас би се запрашале „Зошто да печатам храна, кога можам да си ги купам сите состојки во супермаркет?“

Поентата на оваа технологија е да го намали бројот на скриени состојки во храната, како што се презервативите, солта, маслото и вештачките додатоци. Идејата за 3Д печатена храна не делува вкусно, но наскоро може да биде витална алатка во многу кулинарски дејности, како и во патувањето во вселената.

Фудини работи така што вие треба да ги измешате состојките кои ги сакате, а потоа печатачот ќе ги испечати во формата која ја сакате. Планирано е наскоро да се овозможи 3Д печатачот да може и да ги готви јадењата. 

Големите организации веќе го забележуваат потенцијалот на 3Д печатачите па така „Хершис“ веќе имаат своја верзија на КокоЏет 3Д принтер којшто ви дозволува да печатите чоколадни дизајни со помош на вашиот iPad.

Печатачите дури помагаат и во намалување на јаглеродните емисии на гасови, а и ги спасуваат животните, така што произведуваат месо без употреба на месо. НАСА веќе прави тестови со користење на 3Д печатачи како начин за подготовка на оброци за астронаутите.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata (1).jpg

Мирисот на храната и додатоците за мобилни телефони

Кога станува збор за храната, се смета дека дури 80% од вкусот на храната доаѓа од нејзиниот мирис. Затоа кога ви е затнат носот не можете да го почувствувате вкусот.

Тоа значи дека доколку успеете да го реплицирате мирисот на храната, би можеле да ги добиете основните бенефити од храната, без всушност да морате да ја консумирате.

Ова би било многу корисно кога станува збор за диети, така би можеле да прскате миризби од вашата омилена храна, а притоа да јадете храна со малку калории. 

Оскар Мајер го забележал овој потенцијал и создал приклучок за мобилен телефон којшто се вклучува во приклучокот за слушалките и испушта мирис на сланина кога ви ѕвони алармот за будење.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata (3).jpg

Роботи наместо келнери

Чекањето на вашиот оброк во ресторан може да ви ја расипе целата вечер, дури и доколку тоа е чекање за да ја кажете вашата нарачка. Затоа полека низ целиот свет се започнува со користење на роботизирани келнери.

Во еден ресторан во Кина, во провинцијата Харбин, гостите ги служат роботизирани келнери, а оброците ги спремаат готвачи роботи.

Иако користењето на вистински роботи е одлична идеја, дури и малите промени како користење на таблет може драстично да ја подобри услугата.

Така синџирот на ресторани „Еплбис“ има воведено во употреба 100.000 Престо таблети во нивните ресторани, со што драстично го намалиле времето на нарачка, услуга и плаќање.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata (2).jpg

Апликации и инфрацрвена светлина

Апликациите го менуваат начинот на кој јадеме, без разлика дали е тоа за да нарачате храна или за да дознаете рецепт за некое јадење. Многу големи ресторани имаат сопствени апликации преку коишто може да нарачате достава на храна без воопшто да се јавите на телефон.

Друг вид на апликации пак се занимаваат со секојдневното консумирање на храна, па така се користи софтвер за препознавање на слики за да можете да го фотографирате вашето јадење, а апликацијата да го препознае и да ја идентификува храната, тежината и бројот на калории којшто ќе го изедете.

Секако, оваа технологија е ограничена од формата и бојата на храната, но секојдневно истата се подобрува. Компанијата „Конзумер Физикс“ работи на употреба на поразвиен тип на идентифицирање на храната.

Тие креирале скенер на храна којшто користи инфрацрвена светлина. Скенерот насочува сноп на инфрацрвена светлина кон храната, кој потоа се враќа назад до скенерот, потоа тој зрак се анализира и со помош на апликација ги прикажува хранливите состојки на храната која е скенирана.

Секој различен вид на молекули (како на пример вода или шеќер) впива различна количина на инфрацрвена светлина, па така апликацијата може точно да одреди колку од таа молекула има во вашиот оброк.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata (4).jpg

Виртуелна реалност комбинирана со науката за храната

Виртуелната реалност, полека но сигурно, се вовлекува во секој аспект на нашите животи, почнувајќи од видео игрите и останатите начини на разонода, па сега до кулинарскиот пазар.

Што ако можете да јадете сè што сакате, без да се здебелите? Можете да ги доживеете сите слики, мириси и чувства кои ги асоцирате со вашата омилена храна, без притоа да се грижите за вашето здравје или внесените калории.

Ова можете да го доживеете со комбинација на виртуелен сет од наочари, дифузер на арома, слушалки кои преку коските ви пренесуваат звуци на џвакање, виљушка со жироскоп и 3Д принтер, а за оние кои уживаат во пијалаците, дури има и виртуелна коктел чаша која може да го имитира чувството како да сте пијани.

5-nacini-kako-tehnologijata-go-podobruva-uzivanjeto-vo-hranata (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg