Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Fortnite - Играта што го освои светот со забава, вешто градење, пукање и правилен избор на оружје

Љубителите на фудбалот сигурно се запрашале што значеше прославата на голот на Гризман против Арсенал во полуфиналето на Лига Европа. 

fn01

Љубителите на кошарката можеби ги забележале патиките на Карл Ентони Таунс за време на All-Star викендот, или танцувањата на фановите во публиката за време на тајм аут.

Љубителите на поп/рап музиката сигурно знаат за Дрејк и срушениот рекорд за гледаност на еден Twitch канал. А, кај стримерите најновата атракција е стримерот Нинџа.

Заедничко за сите овие е токму играта Фортнајт. Се работи за игра која се игра во трето лице, и е многу слична на популарната PUBG.

За разлика од PUBG, Фортнајт е бесплатна. Карактерите се анимирани, и наместо возила, има материјали со кои се гради. Претпоставувам не треба да напоменам дека е игра со пукање.

Фортнајт има два мода. Првиот е далеку понепопуларниот „Save the world“ (Спаси го светот) и нема да пишувам за него. Вториот е „Battle Royale“.

Во вториот мод, започнувате 100 играчи на остров на кој се слетува од летачки автобус (Battle bus).

Откако ќе слетате, имате 3 минути да ги земете сите оружја и сета опрема што ќе ги најдете, и да истрчате до белиот круг на мапата. По тие три минути, на мапата се појавува невреме кое се стеснува околу кругот.

Доколку останете во невремето, ќе ви се намалува енергијата додека не излезете или не умрете. Интересното во оваа игра е тоа што може да играте секој за себе против други 99 играчи, или во тимови по 2 или 4 играчи, во зависност од вашиот избор пред да барате натпревар.

Главната цел на играта е да останете единствениот преживеан од сите 100 играчи (или ако сте тим, вашиот тим да биде единствениот преживеан тим).

Доброто во оваа игра е тоа што не ви требаат пари за да бидете добар, бидејќи работите кои може да ги купите во играта, не ви го засилуваат карактерот. Најважно во играта е да се забавувате, па потоа следат вештото градење (можете да изградите тврдини низ кои ќе пукате), предноста на пукање од повисоко, и правилниот избор на оружје.

Играта има најразлични гестови и сликички кои можете да ги употребите за време на играњето (како танцувања и слично).

Токму овие гестови станаа главна инспирација за сè поголемиот број на фудбалски прослави инспирирани од оваа игра.

Во моментов повеќе од 3 милиони луѓе играат Фортнајт, а најдоброто од сè е што оваа игра е достапна за сите платформи, па дури и Андроид.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg