Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Претерано или функционално - Која марка направи телефон со 5 камери?

Компанијата LG овој месец го лансира својот најнов паметен телефон. За прв пат на пазарот излегува мобилен телефон со дури 5 камери. Две од нив се наменети за селфи, а другите три се од задната страна на мобилниот телефон.

Koja-marka-napravi-telefon-so-5-kameri-01.jpg

Најновиот модел на LG е именуван V40 ThinQ и е најјакиот паметен телефон од брендот на LG.

Можеби се прашувате зошто се потребни 5 камери?

LG изминативе неколку години беше познат по тоа што втората задна камера на нивните телефони беше со широк објектив. Во овој модел тие ја задржаа таа камера и додадоа уште една со телефото објектив.

Дополнително, додадоа уште една камера со широк објектив и од напред, заради трендот на правење селфи фотографии и така се стигнува до бројката од 5 камери на еден мобилен телефон.

Koja-marka-napravi-telefon-so-5-kameri (2).jpg

Ова овозможува вашиот телефон да биде подготвен за секоја ситуација за фотографирање во која би се нашле.

Со најновиот LG V40 ThinQ можете да сликате со трите камери (стандардната, со широк објектив и телефото камерата) наеднаш и да креирате кратко видео со само еден допир.

Koja-marka-napravi-telefon-so-5-kameri (5).jpg

Koja-marka-napravi-telefon-so-5-kameri (3).jpg

Koja-marka-napravi-telefon-so-5-kameri (1).jpg

Камерата сама ви препорачува која леќа да ја одберете за фотографирање, така што препознава што има во кадарот. Можете да креирате делумно анимирани GIF фотографии со селектирање на тоа кои делови од сликата сакате да бидат анимирани како и ред други опции кои ќе ви помогнат целосно да го искористите потенцијалот на петте камери.

Покрај ова, телефонот има 6,4 инчен OLED екран со забец во којшто се вметнати камерите, а којшто е карактеристичен за сите понови ексклузивни телефони.

Дополнително, за да ја оправда високата цена, најновиот паметен телефон на LG располага со импресивни перформанси, поточно: Qualcomm Snapdragon 845 процесор, 6 GB RAM меморија, 64 GB внатрешна меморија и опција за зголемување на истата со microSD мемориска картичка, отпорност на прашина, вода и удари и се разбира најновиот Aндроид оперативен систем 8.1 Oreo.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм? Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е ...
5 работи што никако не смеете да ги споделите со ChatGPT Доверливи информации од работа или ваши лозинки – кои работи не треба да ги спод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg