Секојдневни навики со кои сами си ги уништувате електронските уреди и им го кратите траењето
Ретки се оние кои во денешно време не се постојано со телефонот во рака каде и да одат.

Дали и вие сте од оние кои не одите во бањата без телефонот, јадете врз лаптоп додека работите или заспивате со електронските уреди?
Веројатно сте свесни дека тоа се лоши навики, но упорно ги игнорирате, без да се грижите за тоа што им го намалувате животниот век на уредите.
Доколку сте подготвени да направите промена, ослободете се од следниве навики:
Одење во тоалет и во бања со мобилен телефон (независно дали е водоотпорен)

Јадење врз лаптоп и ронење храна која се заглавува во тастатура или истурање пијалак

Полнење на телефонот во текот на цела вечер

Постојано празнење на батеријата на мобилниот до крај

Оставање електронски уреди во автомобилот каде може да биде претопло или преладно

Чистење на електронските уреди со средства за домаќинство наместо специјални

Носење на лап топот во кревет и држење во скут наместо на специјална масичка или кулер

Користење на сите полначи кои одговараат на отворот наместо само оригиналниот

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина
MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА
Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...