Најстрашните роботи кои постојат

Од Терминатор франшизата, до Westworld и безброј други дела на дистописки автори, напишани се многу приказни во кои нè предупредат да внимаваме со развојот на технологијата.

Ova se najstrasnite roboti koi postojat 01

Иако се работи за фикција, верувам дека самата замисла дека роботот може целосно да го замени човекот делува застрашувачки.

Во поново време се создадени многу роботи кои би требале да а му помогнат на човекот во секојдневните задачи.

Сепак, не е излишно да ги исклучите вашите апарати пред да почнете да го читате овој текст, бидејќи постојат и роботи кои изгледаат апсолутно застрашувачки, а ова се некои од нив.

Женска фигура создадена за набљудувачите да се чувствуваат непријатно

Овој робот е дело на уметникот Џордан Волфсон, а се работи за софистицирана скулптура во облик на русокоса жена во бел фустан и маска на вештер/гоблин/птица.

Роботот е програмиран да танцува на поп песни пред огледало. Таа дури знае и зборува. Опремена е со специјален софтвер за препознавање на лица, што ѝ овозможува да направи контакт со очи со минувачите.

Авторот вели дека роботот е создаден за набљудувачите да се чувствуваат непријатно.

„Софија“, робот со државјанство

Софија стана прилично позната во текот на годините, се има појавувано на емисии, има давано говори, а дури станаа и државјанин на Саудиска Арабија во 2017 година.

Нејзиното лице е моделирано според Одри Хепберн, а Софија е способна да промени повеќе од 60 изрази на лицето.

„CB2“ биометрички робот со ум на дете

CB2 е висок околу 130 сантиметри, тежи околу 73 килограми и има „ум“ на дете.

Се работи за биомиметички робот кој реагира на звуците, допирите и изразите на лицето на луѓето, при што ги имитира и учи од нив.

Идејата зад овој робот е да се научи повеќе за развојот на децата.

Морбидна роботска уста

Создадена од групата Sawada во Јапонија, оваа роботизирана верзија на човечка уста е изработена од различни видови на силикони.

Овој гумен ужас, освен што зборува, знае и да го репродуцира звукот да звучи човечки.

„Eelume“, подводниот робот за кој не сакате да знаете

Доколку немате доволно фобии можеби е време да создадете нова.

Овој робот е првично развиен како соработка помеѓу Норвешкиот универзитет за наука и технологија, а се работи за прототип на црна роботска змија која плива под вода.

Дизајнирана е да врши инспекција и поправки на дното на океанот, на местата до кои тешко се стига. Опремена е со камери и алатки кои ѝ ја олеснуваат работата, но веројатно не сакате да ја сретнете додека уживате во нуркањето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg