Дали сте слушнале за „дигиталните дроги", аудио датотеки со фреквенции кои ја менуваат состојбата на свеста?

Науката неодамна го потврди она што древните култури го знаеле со милениуми: во човечката перцепција на реалноста и во функционирањето на нашиот мозок, клучната улога ја имаат фреквенциите.

Dali ste slusnale za digitalnite drogi audio datoteki so fekvencii koi ja menuvaat sostojbata na svesta 01

Затоа, на пример, ведските Индијци верувале во светата моќ на мантрите. Звукот на изговорените зборови влијае на перцепцијата на човекот и на светот воопшто, бидејќи звукот е, всушност, фреквенција.

Звукот како фреквенција влијае на нашиот мозок. Мозочните бранови, кои се, исто така, форма на фреквенција, се усогласуваат со фреквенцијата која ја примаат од надворешниот извор.

Повеќето од фреквенциите што ги слушаме не влијаат на нашиот ум на некој значаен или забележлив начин, но ако се погоди точната фреквенција, која е карактеристична за одредени состојби на човечка свест, буквално ќе можете да го програмирате вашиот мозок да функционира на поинаков начин.

Комерцијалниот производ наречен I-Doser е апликација за слушање на дигитални аудио датотеки, а се работи за посебно снимени звучни фреквенции кои можат да ги променат вашите мозочни бранови, како и вашата свест.

I-Doser има широк спектар на фреквенции, а нуди искуство на психоделични состојби како и подобрување на меморијата, релаксација, транс и поттикнување на халуцинации, визии и оргазми.

I-Doser функционира врз основа на т.н. бинаурални тонови, односно специјални звучни фреквенции кои ги менуваат фреквенциите во вашиот мозок кога ги слушате.

Овие датотеки се обично долги од 30 до 60 минути, а траката треба да се ислуша во целост.

I-Doser, всушност, може да биде многу корисен, на пример, во рехабилитација на зависници од дрога. Сепак, со оглед на недостатокот на сериозни истражувања на оваа тема, тешко е да се каже со сигурност дека овој производ е апсолутно безопасен за понатамошното нормално функционирање на вашиот мозок, иако засега нема конкретни докази за неговата штетност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...

Најчитани неделава