10 работи кои беа измислени во 1990-тите

Сè почна да личи на денешниот свет во 1990-тите години. Користевме мобилни телефони и компјутери во нашите, како и производи и алатки кои ги користиме и денес. 

Deset raboti za koi ne znaevte deka bea izmisleni vo 1990 tite 01

Се збогувавме со VHS касетите и ги усвоивме DVD-та. Со појавата на Google добивме можност да пронајдеме речиси сè на интернет. Повеќе не беше потребно да им се јавуваме на нашите пријатели за да им пренесеме одредени вести или да ги викнеме надвор, наместо тоа им испраќавме текстуални пораки.

Од првиот Nokia мобилен телефон до Google, многу работи беа измислени во 1990-тите. Погледнете за кои десет пронајдоци станува збор.

1. Фасцинирани од технологијата и уметноста, браќата Томас и Џон Нол во 1990-та година, со помош на Adobe, го претставиле Photoshop 1.0.

2. Во 1991 година, Линус Тордвалдс, додека студирал на Универзитетот во Хелсинки, почнал да развива оперативен систем со отворен код, (Linux). Првично сакал да создаде нов оперативен систем за својот Интел компјутер, но на крај создаде една од најголемите платформи за интернет компании како што се Гугл, Амазон, Фејсбук и Твитер.

3. Во 1992 година, Ник Папворт, поранешниот програмер во Sema Group Telecom, успешно ја испратил првата текстуална порака. Во тоа време мобилните телефони немале тастатури, па Папворт својата порака ја напишал на компјутерот. Nokia 1011 е првиот мобилен телефон кој испраќаше текстуални пораки.

Deset-raboti-za-koi-ne-znaevte-deka-bea-izmisleni-vo-1990-tite-02.jpg

4. На 3 декември, 1994 година, Sony го создаде својот прв PlayStation во Јапонија. PlayStation, кој чинел 37.000 јени (околу 387 долари) се смета за најзначаен производ на Sony.

5. На 23 јуни, 1996 година, е создаден Nintendo 64, кој станал првата домашна конзола со џојстик како примарен начин за управување.

6. Откако сакал да создаде играчка која ќе се смее кога некој ќе ја допре, Рон Дубрен, заедно со инженерот Грег Хајман, создаде мајмун што може да се смее. Иако оваа играчка никогаш не била успешна, идејата на Дубрен продолжила да живее.

7. Во 1996 година, фабрика за играчки „Tyco“ побара дозвола да ја користи играчката на Дубрен за да создаде смешна кукла, која ќе биде претставена како Елмо од улицата Сезам.

8. Во 1995 година е создаден прв DVD (скратено од "дигитален видео диск"). Првиот DVD во светот го следеше првиот DVD плеер - Toshiba SD-3000.

Deset raboti za koi ne znaevte deka bea izmisleni vo 1990 tite 03

9. „Tamagotchi“, првото виртуелно милениче, излезе во 1996 година, а повеќе од 40 милиони копии беа продадени низ целиот свет.

10. Лари Пејџ и Сергеј Брин во 1997 година го регистрираат доменот Google.com, со што е официјално основан Гугл.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg