Рен Женгфеи - основач на Huawei: Малкумина знаат дека татко на 5G e турскиот професор Ердал Арикан

5G се базира на математички алгоритам на кој наидовмедва месеци по неговото објавување. Ни требаше една деценија за да го трансформираме алгоритмот во технолошки развој. Ние располагаме со најголем број и најквалитетните 5G патенти во светот - вкупно над 27% од нив се на Huawei, вели Рен.

ren-zengfei-osnovac-na-huawei-malkumina-znaat-deka-tatko-na-5g-e-turskiot-profesor-erdal-arikan-01.jpg

„5G технологии сега се широко прифатени како важен дел од идниот развој на човештвото. Малкумина се свесни дека се базирани на математички алгоритам напишан од турскиот професор Ердал Арикан пред повеќе од една деценија. Наидовме на овој алгоритам два месеци по неговото објавување. Потоа започнавме детални истражувања и анализи, а потоа аплициравме за патенти. Илјадници вработени од Huawei учествуваа во овие студии. Ни требаше една деценија за да го трансформираме математичкиот алгоритам во технолошкиот развој. Ние располагаме со најголем број и најквалитетните 5G патенти во светот - вкупно над 27% од нив се на Huawei. Ова го истакна Рен Женгфуи, основачот на Huawei, на прес конференција за кинески медиуми одржана на 21 мај, каде во одговори на новинарски прашања зборуваше за малку познатите факти за 5G технологијата и за тоа колку се важни вложувањата во образованието и науката.

Тој вели дека професорот Арикан не е вработен во Huawei, но компанијата ја спонзорира неговата лабораторија за да може да обучи повеќе докторанти, кои исто така се поддржуваат.

„Ние, исто така, спонзорираме универзитетски професор во Јапонија. Пред извесно време тој обучи четири доктори, кои подоцна станаа вработени во Huawei, но продолжија да работат во неговата канцеларија. Тој потоа зеде уште четири докторанти да работат за него, сите осум работат во неговата лабораторија во исто време. Сите откритија што ги прават им припаѓаат на нив, а не на нас. Ако сакаме да ги искористиме нивните откритија, ние ги плаќаме правилно. Како што реков, пристапот е сличен на американскиот акт "Bayh-Doyle". Овој пристап го користиме за да работиме со повеќе научници“, вели Рен.

ren-zengfei-osnovac-na-huawei-malkumina-znaat-deka-tatko-na-5g-e-turskiot-profesor-erdal-arikan-02.jpg

Според основачот на Huawei, компанијата има 26 истражувачки центри ширум светот. Во моментов има повеќе од 700 математичари, 800 физичари и 120 хемичари. Има Институт за стратешки студии кој обезбедува финансирање на многу реномирани научници на реномирани универзитети низ целиот свет. Притоа, не се очекува овие инвестиции да бидат вратени, туку начинот на кој се спонзорираат овие студии е сличен на оној опишан во американскиот акт "Bayh-Doyle". Универзитетите се оние кои ги добиваат дивидендите од овие инвестиции, а компанијата добива можност да работи со повеќе научници од повеќе сфери кои се наоѓаат во различни фази во нивното истражување.

„Минатата недела организиравме глобална научна конференција каде што индиректно беше присутна преку видео линк. Неколку брилијантни млади научници, сите носители на докторски студии, присуствуваа на конференцијата и ги презентираа своите нови технологии за мене и за моите колеги. Тие детално ми објаснија што овие откритија ќе значат за нашето општество во наредните години, и бев импресиониран. Ние често ја правиме таквата комуникација низ целиот свет. Ова од една страна ни овозможува да усвоиме нови идеи, а од друга - младите научници подобро да ги разберат барањата и стандардите во нашата компанија“, додава Рен.

Тој сепак смета дека кога станува збор за привлекување на млади таленти, западните компании имаат подобро око за талентите. Тие привлекуваат млади луѓе и им обезбедуваат корпоративна обука за време на стажирањето, што е различно од вообичаениот модел што се наметнува во Кина.

„Во моментов имаме поголеми можности да се натпреваруваме со Соединетите Американски Држави во однос на регрутирањето, но сé уште заостануваме во привлекувањето на истакнати млади таленти. Ние им нудиме на потенцијалните кандидати да работат уште од вториот курс на нивното академско образование. Студентите од Новосибирските универзитети се, на пример, шампиони или потпретседатели на најпрестижните меѓународни турнири за програмирање во последните 6 години. Google им нуди 5 или 6 пати повисоки плати од нормалните за да работат за нив. Оваа година и ние сме подготвени да понудиме повисоки плати од Google за да ги привлечеме овие луѓе да работат во нашите истражувачки центри во Русија. Влегуваме во силна во трката за млади таленти. Притоа, не бараме научниците да бидат успешни. Неуспесите се исто така дел од напредокот. Ова ни овозможува да продолжиме напред“, заклучува Рен.

ren-zengfei-osnovac-na-huawei-malkumina-znaat-deka-tatko-na-5g-e-turskiot-profesor-erdal-arikan-03.jpg

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg