Андроид апликација: „Најдено“

nova-android-aplikacija-najdeno-povekjeЕдни од учесниците на Android натпреварот организиран од One ни испратија краток опис за нивната апликација со име - „Најдено“.  Се работи...

 

...за апликацијата под реден број 50 на листата на http://www.one.mk/AndroidViewForm/Default.aspx, под име „Најдено“.

Апликацијата „Најдено“ претставува еден вид на виртуелен сервис помеѓу корисниците, кој овозможува пријавување на изгубени и најдени предмети.

Корисникот кој поседува smartphone со Андроид OS доколку пронајде/изгуби предмет може истиот да го пријави притоа користејќи ги услугите кои ги нуди оваа апликација може да внесе точна локација каде го нашол предметот, да пушти слика од истиот или пак да го слика со неговиот телефон, како и класичен опис на предметот поврзан со некоја категорија.

nova-android-aplikacija-najdeno

Апликацијата овозможува воспоставување на директен контакт помеѓу пронаоѓачот и оној што пријавил дека го изгубил предметот преку повик, смс, е-маил па дури и пост на описот на Facebook или Twitter. Најдобро од сè е што апликацијата поддржува и повеќејазичност па би била поразбирлива и подобра за користење од поголема група на луѓе.

На страницата http://www.one.mk/AndroidViewForm/Default.aspx можете да ја преземете апликацијата (реден број 50) и да ја инсталирајте на вашиот телефон кој има Android OS. Исто така можете и да ја поддржите и да гласате за неа на 144555 (5 ден/смс) од било кој мобилен оператор.

Во врска со овој проект наречен „Најдено“ постои и facebook fun page на http://www.facebook.com/pages/Najdeno/174272475925394?v=app_4949752878.

Апликацијата е развиена од:
- Никола Василев
- Драган Милчевски
- Никола Кескинов
- Александар Спасов

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава