Музичко лето со Huawei P30 и водоотпорниот Soundstone Speaker

Од почетокот на јуни, Huawei започна со промоција на Huawei P30 во Северна Македонија. Со купување на телефонот, во било која од неговите три атрактивни бои, во продавниците на овластените партнери на Huawei, ќе добиете Huawei Soundstone Portable Bluetooth Speaker.

muzicko-leto-so-huawei-p30-i-vodootporniot-soundstone-speaker-03.jpg

Со својот ергономски дизајн и изработка, водоотпорниот звучник е свеж додаток на која било забава на плажа, море или базен, кога пешачите или возите велосипед, а можете да го користите и како hands-free звучник во конференциска сала во канцеларијата. Има овална форма со дијаметар од 10 cm и дебелина од само 4,2 cm и тежи 190 грама. Неговата батерија е 700mAh и се користи до 8 часа, а целосното полнење трае околу 3 часа.

Објавен на крајот на март, Huawei P30 доаѓа со 6,1-инчен OLED FullViewDisplay и новиот RYYB сензор во кој зелените пиксели се заменуваат со жолта боја за да зафатат до 40% повеќе светлина. Иновативниот сензор е дел од оптичкиот систем на тројната Leica камера која вклучува 40 мегапикселна широкоаголна,  16 мегапикселна ултра широкоаголна и 8MP камера со 3x оптички зум. Љубителите на музиката, ќе може да уживаат со 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

muzicko-leto-so-huawei-p30-i-vodootporniot-soundstone-speaker-02.jpg

"За серијата P10, направивме многу успешна летна кампања со Super Charge надворешна батерија и полнач за автомобил за да им обезбедиме на нашите корисници непречено работење на паметниот телефон за време на одморите. Оттогаш, постигнавме голем напредок на полето на батериите и брзото полнење, така што сега ви нудиме само повеќе расположение и повеќе музика додека сте на пат", изјави Лонгруи Циу, генерален директор на Huawei за Бугарија и Северна Македонија.

Новиот Huawei P30 може да се најде во продажните салони на Нептун и Сетек по цена од 39.999 денари. Промоцијата со која со купување Huawei P30 се добива водоотпорен звучник, ќе трае до 31 август или додека има залихи.

Повеќе информации можете да најдете на https://consumer.huawei.com/mk/

P30 Bundle може да се најде во продажните салони на Нептун и Сетек по цена од 39.999 денари водоотпорен звучник

muzicko-leto-so-huawei-p30-i-vodootporniot-soundstone-speaker-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...

Најчитани неделава