МојБуџет на вашиот Андроид

mojbudzet-na-vasiot-android-povekjeВеќе влегуваме во втората фаза на вториот Android натревар овој пат организиран од ONE оператор. МојБуџет е апликација која сосема заслужено се најде помеѓу...

 

...првите 10 (читај 11) апликации во вториот круг на натпреварот.

Прашината која се крена околу тоа дали апликацијата има или нема македонска јазична поддршка ја направи уште повеќе популарна помеѓу корисниците.

Да, апликацијата има македонска јазична поддршка и не само македонска туку истата може да ја користите и на Англиски, Француски, Италијански и Албански. Петте јазици се само дел од тоа што МојБуџет може да Ви го понуди како корисници.

Лесниот и интуитивен интерфејс се клучните точки на оваа апликација, секое копче е јасно дефинирано и опишано со соодветна слика за акцијата која треба да ја направите. Кога сме кај функционалностите МојБуџет ќе Ви понуди комплетно решение за менаџирање на вашиот буџет.

mojbudzet-na-vasiot-android-1

Групите и подгрупите ги дефинирате сами според вашите потреби за прилив или одлив на средства. Извештаите ќе се погрижат целокупните трошоци да ги добиете во разбирлива и лесна форма во временска рамка која сами ја одредувате.

Извештаите се приказна за себе, понудени се четири типа на графикони и тоа во форма на столб, пита, обична листа или сите заедно по пат на електронска пошта. Испраќањето на извештаи директно на email ми е една од омилените опции кај МојБуџет. Можни формати во кој може да ги добиете извештаите се Microsoft Excel или PDF документ.

mojbudzet-na-vasiot-android-2

Конвертор на валути, но овој пат се работи за паметен конвертор кој ќе се погрижи во секој момент конверзијата да биде според последниот менувачки курс. Нема ограничување во типот на валутите, сѐ е дозволено.

Бар код читачот е уште една функционалност која скоро и да не постои кај останатите слични апликации.  Едноставно насочете ја камерата од телефонот над некој бар код од производ, истиот ќе биде прочитан и заедно со неговата цена ќе биде додаден во базата на продукти. Продуктите ги додавате еднаш и ги користите секогаш кога ќе Ви бидат потребни.

Како и секоја сериозна апликација која што работи со пари и финансии така и МојБуџет Ви нуди опција да направите резервна копија од податоците. МојБуџет има и сопствен Widget кој може да го поставите на една од вашите работни површини на телефонот и од него директно да пристапите до најкористените функции на апликацијата.

mojbudzet-na-vasiot-android-3

За крај, МојБуџет е една од ретките македонски апликации која нема да „се скрши“ додека ја користите. Инфорамции за МојБуџет официјално може да следите на Facebook или Twitter.

Сугестии, проблеми, критики како и предлози за нови функционалности се секогаш добредојдени, нѝ рече Јан Маринчек кој со нас го сподели и целиот workflow од апликацијата кој може да го погледнете во продолжение. На барање на корисниците веќе од наредната верзија промената ја јазик освен на ниво на системски јазик ќе може да ја направите и директно на апликацијата.

Симнете, тестирајте и доколку Ви се допаѓа гласајте, бројот е 144555 со содржина на пораката "38".

текстот е превземен од Mobile | КОМУНИКАЦИИ.НЕТ

Би можело да ве интересира:

Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...

Најчитани неделава