Трикови со кои побрзо ќе ја наполните батеријата на вашиот смартфон

Никој не сака кога пред излегување ќе сфати дека батеријата на телефонот му е речиси празна. Во овие моменти само го вклучувате телефонот да се полни на неколку минути и се надевате на најдоброто.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-01.jpg

За среќа, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат побрзо да го наполните телефонот кога немате време за чекање. 

Вклучете ја опцијата Airplane mode

Со оваа опција нема да можете да користите мобилен интернет или да праќате пораки. Но, ќе ја заштедите батеријата бидејќи телефонот нема да бара мрежна покриеност или Wi-Fi.

Исклучете го телефонот

Најдобриот начин брзо да го наполните телефонот е целосно да го исклучите. На овој начин батеријата нема да се троши од апликациите кои се активни во позадина и ќе се наполни побрзо.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-02.jpg

Полнете го преку штекер

Многумина имаат навика да го полнат мобилниот од нивниот лаптоп, но полнењето преку штекер е многу побрзо.

Причината е што кога го полните преку УСБ отвор, јачината на струјата е околу 0.5 ампери, па ќе биде потребно дупло повеќе време за да се наполни батеријата.

Употребувајте моќен полнач

Можете да го замените полначот што доаѓал со телефонот со помоќна верзија, доколку истиот е веќе застарен или оштетен.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-03.jpg

Имајте при рака екстерна батерија

Кога знаете дека долго време ќе немате услови да го наполните телефонот, секогаш е добро да понесете надворешна батерија. Се разбира, треба да ја наполните и неа пред да излезете.

Тргнете го телефонот од сонце

Избегнувајте да го изложувате телефонот на температури повисоки од 36 степени Целзиусови. Топлината може да го намали капацитетот на батеријата, а софтверот го ограничува полнењето на 80% кога телефонот ќе ја надмине безбедната температура.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-04.jpg

Извадете ја маската на телефонот

Доколку забележите дека телефонот ви се загрева при полнење, добро е да ја извадите неговата маска. Понекогаш таа создава дополнителна топлина што може да влијае на капацитетот на батеријата.

Исчистете го влезот за полначот

Понекогаш проблемот не е ослабената батерија, туку влезот за полначот. Имено, овде многу лесно влегуваат прашина и нечистотии кои речиси никој не ги чисти.

За да го исчистите влезот, исклучете го телефонот и употребете чепкалка за заби. Само бидете нежни за да не оштетите нешто.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-05.jpg

За iPhone корисници: Употребете го адаптерот од вашиот iPad или McBook

Доколку користите продукти на Apple, можете да го наполните вашиот iPhone со адаптерот од iPad или McBook.

Набавете моќен безжичен полнач

За побрзо полнење, побарајте полнач со повeќе вати. Колку е повисока вредноста на ватите, толку побрзо ќе се наполни направата.

Обичните полначи што доаѓаат со смартфоните имаат моќ од 5 вати. Но новите полначи можат да овозможат и над 12 вати.

kako-pobrzo-da-go-napolnite-vashiot-smartfon-06.jpg

Инвестирајте во маска за полнење

За да се осигурете дека батеријата ќе ви трае подолго, набавете маска за полнење. Некои вакви модели можат да ја продолжат батеријата на телефонот и до 22 часа. Покрај тоа, голем дел од нив се направени од заштитни материјали, па му нудат дополнителна заштита на вашиот телефон.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg