Која е Коко Капитан, миленичка на Гучи и Вог?

Скопје (13.08.2019) - Едни од најинтригантните едиторијали на светските брендови, како што се Гучи, Пако Рабан, Маисон Марџиела, на насловните на Њу Јорк Тајмс, Дејзд (Dazed), Ем ле Монде (M Le Monde) и Вог (Vogue), се дел од делата на 27-годишната уметница со шпанско потекло, Коко Капитан (Coco Capitán). Освен фотографии, оваа интерпретаторка на поп-арт, создава мурали кои ги красат големите престолнини како Лондон, Њу Јорк, Шангај... За Коко работното место е секое место на кое што се наоѓа во моментот и единственото нешто кое ѝ е потребно, покрај креативноста, е ефикасен работен алат.

koja-e-koko-kapitan-milenickata-na-gucci-i-vogue-01.JPG

Својата уметност ја преточува низ три гранки – фотографија, сликарство и проза. Иако често пронаоѓа инспирација на друштвените мрежи, до најоригиналните идеи доаѓа надвор, кога ги завршува своите секојдневни обврски. Во работата користи лесно пренослив уред кој ѝ овозможува непречено и истовремено да забележува сè кое ја опкружува. Во соработка со Хајпербист (HYPERBEAST), најпознатиот портал посветен на уличната мода и трендовите, Коко го претстави Galaxy Tab S6, новиот таблет на Samsung кој го користи секојдневно.

koja-e-koko-kapitan-milenickata-na-gucci-i-vogue-02.JPG

„Кога го бирам својот работен алат, важно ми е да е лесен за користење, да е прилагодлив на мене, а Galaxy Tab S6 можам да го држам во една рака, додека со другата сликам, нешто кое моето креирање го прави едноставно и удобно. Забавата и креативноста станаа важен дел од моето уметничко изразување,“ изјави Коко.

koja-e-koko-kapitan-milenickata-na-gucci-i-vogue-03.JPG

Во Њу Јорк таа моментално работи на нова серија на слики, користејќи го Galaxy Tab S6, како важен дел од процесот. Сликите и фотографиите на Капитан го прикажуваат нејзиното вродено разбирање на формите, нетипичните бои и композиции. Со комбинација на интимност како и разиграност во изразувањето, таа искажува прикриена социјална критика и загриженост околу вредностите во друштвото.

koja-e-koko-kapitan-milenickata-na-gucci-i-vogue-04.JPG

koja-e-koko-kapitan-milenickata-na-gucci-i-vogue-05.JPG

Видеото од неа може да го погледнете во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg