5 митови за Фејсбук

5-mitovi-za-facebook-povekjeОчигледно дека експлозивниот пораст на интернетот предизвикува многу недоразбирања, невистини и митови, а во изминатиов период на мета е најпопуларната...

 

...Интернет страница Фејсбук. Со повеќе од 500 милиони корисници нормално е ова да се случува.

Ова се 5 најчести митови поврзани со Фејсбук, почнувајќи со еден кој може да вознемири многу луѓе.

Фејсбук ќе почне да наплаќа

5-mitovi-za-facebook

Сите знаеме дека ништо во животот не е бесплатно, па оправдано многу луѓе се посомневаа дека Фејсбук ќе започне да ја наплаќа својата услуга. За среќа на сите 500 милиони корисници, компанијата воопшто нема намера да наплаќа што е дури истакнато и на нивната насловна страница. Сепак, Фејсбук е профитабилна компанија која што го прави својот профит од рекламите кои ги прикажува.

Идејата за Фејсбук е украдена

Марк Зукерберг е прогласен за најмладиот милијардер во светот на 24 годишна возраст. Но, неколку години претходно, Зукерберг бил поканет да програмира за колеги од Харвард за Интернет страницата Harvard Connection. Целата на оваа страница била да им помага на студентите да се дружат меѓу себе, што всушност е блиску до тоа што Фејсбук е денес. Остатокот од приказната зависи од тоа кого ќе прашате. Доколку ги прашате сопствениците на Harvard Connect, тие ќе ви кажат дека идејата е во целост украдена од нив, а доколку го прашате Зукерберг тој ќе ви каже дека идејата му дошла од неговата претходно успешна страница Facemash.

Па што е вистината? По долга судска битка на оваа тема, порамнуваањето било направено надвор од суд со што Зукерберг им исплатил $61 милион долари во кеш и акции во Фејсбук.

Компанијата Х ќе го купи Фејсбук

За повеќе 20 годишници милијарда долари звучат многу, но не и за основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг. По 2 години од појавувањето на Фејсбук, Зукерберг преговараше со Јаху за продажба на компанијата. Сумата која што Јаху ја понуди изнесуваше $1 милијарда долари, што не беше ни приближно доволно за Зукерберг. Се чини дека овој потег бил одличен затоа што 1 година подоцна Микрософт го процени Фејсбук на $15 милијарди долари.

Фејсбук ќе ве отупави

Никој не го спори фактот дека Фејсбук ви олеснува да се поврзете со старите пријатели и далечни роднини, но оваа придобивка доаѓа по висока цена. Многу психијатри сметаат дека Фејсбук ве отуѓува од луѓето и дека физичкиот контакт станува сè подалечен и потежок.

За среќа, корисниците на Фејсбук не го мислат истото. Според истражувањата, Фејсбук е одлична алатка која помага во одржување на пријателствата кои инаку би биле изгубени.

Фејсбук ќе ги продаде вашите слики

Иако никогаш не е добра идеја да ставате слики на Фејсбук освен ако не ви е важно кој ќе ги гледа, сигурно никогаш не сте помислиле дека дури и откако ќе го избришете својот профил, Фејсбук може да ги користи тие слики за комерцијални потреби. Овој е впечатокот што новите правила за приватност ги направи компанијата.

Бидејќи ова вознемири многу луѓе, лично Зукерберг на официјалниот блог на компанијата го разјасни ова. Според него, промените само го разјаснуваат начинот на кој интернет страниците како Фејсбук работат, истакнувајќи дека дури и откако корисникот ќе го избрише својот профил, содржината од неговиот профил може да постојат на профилите кај другите луѓе. Поради тоа Фејсбук има потреба од лиценца да ги споделува сликите со другите членови, што се доделува преку подесувањата за приватност. Најважно, Зукерберг тврди дека Фејсбук нема намера да ги продаде сликите на своите корисници која и да е причината.

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg