Иднината на будизмот: Јапонски храм има робот свештеник

Дали некогаш сте си помислиле дека роботите ќе ги заменат и свештениците? Можеби ви изгледа како сцена од научно-фантастичен филм, но еден 400-годишен јапонски храм најми робот кој ќе ги држи церемониите.

idninata-na-budizmot-japonki-hram-ima-robot-sveshtenik-01.jpg

Роботот се вика Миндар и е направен според будистичката божица на милоста. Роботот е со големина на човек и се наоѓа во храмот Kodaiji во Кјото.

idninata-na-budizmot-japonki-hram-ima-robot-sveshtenik-02.jpg

Иако многумина го споредиле роботот со чудовиштето на Франкенштајн, изгледа дека тој одлично си ја врши работата. Наводно, дури и неговите „колеги“ изјавиле дека роботот прави чуда за духовната традиција која е основана пред повеќе од 2.500 години.

idninata-na-budizmot-japonki-hram-ima-robot-sveshtenik-03.jpg

Нагласувајќи ја бесмртноста на роботот, будистичкиот свештеник Теншо Гото изјавил дека единствената разлика помеѓу роботот и свештеникот е тоа што свештеникот ќе умре.

„Миндар може да запознае многу луѓе и да складира многу информации. Роботот ќе еволуира бескрајно.“

idninata-na-budizmot-japonki-hram-ima-robot-sveshtenik-04.jpg

Храмот бил обвинет за богохулење, но Теншо не се согласува со ова.

„Будизмот не е верба во Бог, туку следење на патот на Буда. Не е важно дали е претставен од машина, парче метал или дрво.“

Роботот Миндар е висок 195 cm и воглавно е направен од алуминиум. Рацете, дланките, лицето и рамената на роботот се покриени со силикон, така што наликуваат на човечка кожа. Роботот е програмиран да води 25-минутна церемонија и да ги движи торзото, рацете и главата.

idninata-na-budizmot-japonki-hram-ima-robot-sveshtenik-05.jpg

Телото на роботот нема пол и е резултат на соработката помеѓу храмот и професорот по роботика Хироши Ишигуро. Наводно, целиот проект чинел 1 милион долари.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...

Најчитани неделава