Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 апликации што е најдобро да ги избришете од вашиот телефон

Многу апликации можат да ви зафатат голем дел од меморијата, брзо да ви ја трошат батеријата или да собираат и споделуваат ваши лични податоци.

8-aplikacii-shto-e-najdobro-da-gi-izbrishite-od-vashiot-smartfon-01.jpg

Без разлика што апликацијата сте ја симнале од Google Play или App Store, не значи дека е целосно безопасна.

Па, најдобриот начин да ги избегнете потенцијалните проблеми е да ги избришете и воопшто да не ги инсталирате следниве апликации на вашиот смартфон.

Бесплатни игри

Правењето игри е скап процес. Затоа имајте на ум дека кога некоја игра е бесплатна, тогаш на неа ќе има многу реклами. Овие реклами, пак, се зачувуваат во кеш меморијата на телефонот.

Исто така постои можност да сте ѝ дале пристап на апликацијата до сите ваши лични податоци. Доколку навистина сакате да инсталирате некоја игра, добро прочитајте ги условите и дозволите.

Апликации за брзо полнење на батеријата

Сигурно сте забележале дека постојат безброј апликации што тврдат дека ќе го забрзаат полнењето на вашата батерија. Но без разлика каква е апликацијата, вашиот телефон нема да се полни побрзо.

Овие апликации се само лага и се полни со реклами, кои некогаш се појавуваат дури и кога телефонот ви е заклучен.

8-aplikacii-shto-e-najdobro-da-gi-izbrishite-od-vashiot-smartfon-02.jpg

Апликации за Wi-Fi

Бидете особено внимателни со апликации кои тврдат дека нудат мапа со Wi-Fi локации, Wi-Fi кодови и мрежна заштита. Откриено е дека многу од нив само ги собираат вашите лични податоци, вклучувајќи ги и оние од кредитната картичка.

Музички плеери од непознати фирми

Кога инсталирате апликации за музика, секогаш симнувајте ги оние од познати компании. Останатите можеби се безбедни, но најчесто само ќе ви ја истрошат батеријата, и овде постои ризик од крадење на лични податоци.

8-aplikacii-shto-e-najdobro-da-gi-izbrishite-od-vashiot-smartfon-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 причини зошто телефонот ви кочи (и како да го средите сами) Меморијата ви е речиси полна и одамна не сте го ажурирале софтверот, односно не ...
5 работи што никако не смеете да ги споделите со ChatGPT Доверливи информации од работа или ваши лозинки – кои работи не треба да ги спод...
Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм? Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg