8 апликации што е најдобро да ги избришете од вашиот телефон

Апликации за следење на локација

Како и претходните, и овие апликации ја трошат вашата батерија и собираат лични податоци. Апликациите за навигација, игрите како Pokémon Go, па дури и апликациите од социјалните мрежи можат да ја следат вашата локација.

Па добро проверете кои апликации имаат пристап до вашата локација и или отстранете ги, или забранете им го пристапот.

Апликации со проблеми со приватноста

Сигурно барем еднаш сте симнале апликација која барала пристап до вашите телефонски контакти, пораки, фотографии и слично. Доколку апликацијата го побара ова од вас, а нема потреба да има пристап до тие податоци, најдобро е да ја избришете.

8-aplikacii-shto-e-najdobro-da-gi-izbrishite-od-vashiot-smartfon-04.jpg

Однапред инсталирани интернет пребарувачи

Овие пребарувачи најчесто се отвораат автоматски откако ќе кликнете на некој линк. Но, тие не нудат никаква заштита на личните податоци и најчесто го забавуваат вашиот телефон.

Бескорисни апликации

Бидете искрени и признајте си дека апликацијата што не сте ја отвориле досега, нема никогаш да ја отворите. Секој има по некоја ваква апликација на неговиот телефон, но најдобро е да се ослободите од нив. Овие апликации непотребно ви зафаќаат меморија и го забавуваат телефонот.

8-aplikacii-shto-e-najdobro-da-gi-izbrishite-od-vashiot-smartfon-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава