Нова надеж за сите кои ќелават - Капа која ветува растење на нови влакна

Многумина коишто имаат проблеми со опаѓање на косата, носат капа за да го скријат тоа или едноставно за да не им е ладно. Но, во блиската иднина можеби ќе носат капа бидејќи таа ќе им помогне повторно да им израсне нова коса.

Nova-nadez-za-site-koi-kjelavat-01.jpg

Барем тоа е сонот на тим на истражувачи од Универзитетот Висконсин-Медисон, коишто развиле електрично парче ткаенина коешто може да го спречи косопадот и дури и да направи да порасне нова коса, доколку се намести на вистинските места на капата.

Милиметарски тенкото парче ткаенина се прилепува на скалпот и потоа испушта благи електрични импулси коишто се создаваат користејќи ја сопствената кинетичка енергија на телото.

Овие електрични импулси се покажале многу делотворни за растење на влакна при тестовите на лабораториски глувци коишто биле избричени или имале генетски проблем и немале влакна.

Всушност, овие тестови биле толку многу успешни, што дури ги надминале споредбите со популарните скапи лосиони за растење на коса.

Бидејќи електричните парчиња ткаенина самите произведуваат енергија којашто им е потребна за да испуштаат електрични импулси, сосема лесно може само да се прикачат на внатрешноста на кој било вид на капа.

Само потребно е стратешки да се распоредат на местата на коишто се појавува косопадот и носењето на капа нема да биде само начин на сокривање на ќелавоста туку и начин за нејзино третирање и лекување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава