Нова кампања за сервисирање на Huawei уредите

Почнувајќи од понеделник, 27 април 2020 година, започнува новата кампања на Huawei, која нуди 20% попуст на замена на дисплејот или главниот модул (матичната плоча), на голем број паметни телефони од сериите P20, P30, P40, Mate 20, P smart, Y5, Y6, Y7, Y9, nova 5T и таблети од серијата MatePad.

nova-kampanja-za-servisiranje-na-huawei-uredite-01.jpg

Сите модели вклучени во кампањата и соодветните попусти за замена без гаранција на екранот или матичната плоча може да се проверат на: http://consumer.test.huawei.com/mk/support/campaigns/service-warm-action/

Кампањата важи од 27 април до 27 мај, а покрај попустите на цената на самата поправка на дисплејот или матичната плоча за наведените уреди, исто така вклучува бесплатна курирска услуга “Од врата до врата”. Корисникот може да се информира подетално и да побара услуга, секој работен ден од 9 до 18 часот, на бесплатниот телефонски број 0800 555 50. Услугата “Од врата до врата” во моментов е достапна, бесплатно, за сите гаранциски поправки на уредите на Huawei.

За да обезбеди подобра услуга на клиентите, Huawei го продолжува и гарантниот рок за сите производи чијашто оригинална гаранција истекува од 15 март 2020 до 14 јуни 2020 година. За нив, гаранцијата автоматски ќе се продолжи до 15 јуни 2020 година.

За најновите информации во врска со пост-продажните услуги за уредите на Huawei, компанијата препорачува користење на опцијата Service, достапна во Huawei AppGallery.

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава